Таг: куп

Кога ќе тргне наопаку, тргнато е

Куп на Литванија: Шеулеи против Паневежис. Гостите победиле 1-6 а единствениот гол што го примиле бил по нивна грешка.

Судија чекај да мочам

Во 74’ минута од осминафиналето на Купот на Казахстан меѓу Мактарал и Астана еден од домашните играчи во моментот кога бил заменет решил да се измоча во едно дрвце зад клупата за резерви. И почнува шоу.

Голмански дилетант

Финалето на Купот на Азербејџан го доби Нефчи од Баку, откако со 5:3 на пенали го совлада ривалот Хезер. Голманот на Нефчи, Саша Стаменковиќ се однесуваше како да брани пред зграда во маало. И пази чудо им одбрани два пенали.

11 клубови, 1 трофеј - Валери Божинов

Бугаринот Валери Божинов има ресепктабилна кариера. Играше во Јувентус, во Парма, во Манчестер Сити, во Лече, смени вкупно 11 клубови за на крајот да го освои првиот трофеј и тоа во српскиот куп со Партизан.