Таг: кристијан стуани

Преубав гол со полу-ножички на човекот кој се брка со Меси на листата стрелци

Уругваецот Кристијан Стуани е најголемо изненадување во шпанската Ла Лига сезонава. Тој постигна 12 гола досега и го дели второто место на листата најдобри стрелци со Суарез кој има исто 12. Лионел е прв со 16 погодоци.

„Кога читам во весник дека сум дал исто голови колку Меси, не ми се верува“

Најдобриот бомбардер во Ла Лига игра за Жирона. Се вика Кристијан и станува збор за центарфор кој постигна 11 гола на 12 меча досега во Примера. Меси по мајсториите против Еспањол има исто толку голови, а Аспас и Суарез имаат еден помалку.