Таг: карлос алкараз

Има ли јунак што може против овој форхенд на Алкараз?

Карлос Алкараз го збриша Александар Зверев со 3:0 (6:3, 6:2, 6:4) и закажа полуфинале на УС Опен против Медведев. Шпанецот е во топ форма, ќе се уверите и од видеата. Почнуваме со страшниот форхенд, а потоа и сите останати поени задолжителни за гледање.

Најјаките 4 минути од последниот сет на финалето во Синсинати

Тој што синоќа одлучил да си легне и да не останува до ниедно време за мега дуелот меѓу Ѓоковиќ и Алкараз, нека се посвети на клипов. На 34-35 степени (филс лајк 37), играа атомски тенис до исцрпување за секој поен. Младост и полетност против дрскост и искуство. На 36 години Новак му одигра на Карлос (20) како машина, до крај. Неверојатна борба.

Интелигенција од потег на Карлос Алкараз

Во меч кој траеше околу 3 часа, шпанската атракција го елиминираше Австралиецот Џордан Томпсон со 7:5, 4:6, 6:3 и обезбеди осминафинале на мастерсот во Синсинати. Потребно е знаење и многу осет за ваков поен во тенисот.

Најјакиот поен на Алкараз кој го симна од тронот Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го збриша Данил Медведев во финалето на Мастерсот во Индијан Велс за само 72 минути игра со резултат 6-3, 6-2 и сега е прв на АТП. Ако треба да се издвои атракцијата број 1 од неговите убедливи перформанси, тогаш тоа дефинитивно е поенот од полуфиналето против Јаник Синер.

Карлос Алкараз уште од млад е џентлмен

Шпанскиот тенисер кој е прв носител на АТП 500 турнирот во Рио Де Жаниеро го водеше Бразилецот Матеус Алвес со 6-4, 5-3 и беше на само еден гем до победа, но силниот дожд не дозволи да го доиграат мечот. 19 годишниот Алкараз ги прибра децата кои собираат топчиња со него под стреа, а истото го направи и лани, на истиот турнир.

Најатрактивните 10 поени на Алкараз на УС опен

Сè чини дека доаѓа нова ера во тенисот со шпанската фурија Карлос Алкараз. Цунами кое ги збриша сите противници на УС опен, го освои првиот Гренд слем во кариерата на само 19 години и стана најмлад во историјата на врвот на АТП. Според ова што го прикажува, детево најавува сериозна кариера. Погледнете ја оваа брзина и енергија. Нема што не стигна.

Како тинејџерот Алкараз го збриша Руд во финалето на УС опен

По одличните настапи годинава во која го освои Мајами и успеа да ги победи Надал, Ѓоковиќ и Зверев, големата тениска надеж, на само 19 години стигна до првиот Гренд слем и се искачи на првото место на АТП.

Алкараз го има поенот на турнирот и годината со кој ја крена на нозе цела публика

Во маратонска и исцрпувачка битка, Карлос Алкараз го совлада Јаник Синер во четвртфиналето на УС опен. Се одигра најдолгиот меч во историјата на отвореното првенство во Њујорк, долг 5 часа и 15 минути со луди пресврти.

Импресивен поен на Алкараз за кој заработи овации на Вимблдон

Младата тениска надеж кој на 19 години ги победи Надал, Ѓоковиќ и Зверев и го освои Мадрид, почна да ја освојува публиката и на најпрестижниот тениски турнир во светот. Алкараз се изнамачи во првото коло против Јан-Ленард Струф, кој го доби со пресврт од 1:2, на 3:2, а во еден момент ја крена на нозе лондонската публика.

Најинтересните моменти од сензацијата на тинејџерот кој го елиминираше Циципас

Третото коло на УС Опен ја донесе една од најјаките тениски битки годинава која заврши со огромно изненадување. 18 годишниот Карлос Алкараз кој е 54-ти на АТП, го елиминираше големиот фаворит Стефанос Циципас, инаку трет во свет во моментов.

Чекај да го видиш Рафа Надал на 16

Шпанската јавност е одушевена од подвигот на 16-годишниот Карлос Алкараз кој на своето АТП деби, во Рио де Жаниеро го совлада 41-от тенисер на ранг листата, Рамос-Винољас. Ова ги натера љубителите на тенисот да се навратат на далечната 2003-та година и 16-годишниот Рафа Надал кој дебитираше во Монте Карло и го совлада Словакот Карол Кучера во првата рунда.