Таг: калин ивановски

Калин и Новак играа заедно одбојка во Дубаи

Најголемата македонска тениска надеж повторно учи од најдобриот. Овој пат тренираше со Ѓоковиќ во Дубаи, а потоа заедно се забавуваа и играа одбојка на плажа. Останатите се Горан Иванишевиќ, Виктор Троицки, Хамад Меѓедовиќ и Тимур Гордев.

Каква чест за Калин Ивановски, тренираше со Ѓоковиќ

Големата надеж на македонскиот тенис, Калин Ивановски кој има 19 години и е на 308 место на АТП листата, имаше привилегија да се сретне и да поработи во Белград со најголемиот. Инаку Ивановски живее и тренира во Загреб, а Ѓоковиќ во една прилика изјави дека би сакал да одигра натпревар со него.

Калин Ивановски го освои турнирот во Грција без загубен сет

Големата македонска тениска надеж е победник на ИТФ фјучерсот кој изминатива недела се играше во Ираклион.

Калин елегантно го корегираше новинарот на Вимблдон

Македонскиот претставник, Калин Ивановски одлично се претстави на Вимблдон во јуниорска конкуренција и по осминафиналниот пласман лани, оваа година стигна до четвртфинале каде загуби од Шпанецот Педро Роденас со 2:1. Да го чуеме неговиот ритрн додека даваше интервју.

Емотивни реакции на Калин кога го загуби вториот сет

Македонскиот претставник на Вимблдон во јуниорска конкуренција, кој вчера стигна до историски пласман во топ 8, не успеа да направи уште еден голем исчекор. Ивановски поведе 1:0 против Педро Роденас, а во вториот сет прокоцка две убави водства во тај брејк од 3:0 и 5:2. Шпанецот израмни со 7:5, а третиот сет го доби со 6:4 за пласман во полуфинале. Калин пцуеше и не можеше да поверува дека го загуби мечот на свои грешки.

Калин Ивановски гази на Вимблдон, ќе игра во четвртфинале

Големиот македонски талент стигна до најголемиот успех во кариерата, откако на најпрестижниот тениски турнир во светот, го елиминираше Литванецот Едас Бутвилас во јуниорска конкуренција.

Ивановски загуби, но повреден јуначки се бореше до крај на Вимблдон

Македонскиот претставник на Вимблдон го заврши настапот на најпрестижниот тениски турнир во светот. Имаме голем тениски талент кој допрва се очекува да го каже своето. Коментаторот зборуваше во суперлативи за него.

Историско осминафинале на Вимблдон за Калин Ивановски

Додека во сениорска конкуренција гледаме како испаѓаат големи имиња како Федерер, Циципас, Ѕверев...кај јуниорите бележиме нова победа на наше дете кое ја претставува Македонија во најелитниот тениски турнир во светот.

Имаме наше дете на Вимблдон кое елиминираше Американец

Најпрестижниот тениски турнир во светот влече огромно медиумско внимание, а кај нас не трепкаат пред тв кога игра некој од триото Ѓоковиќ – Федерер – Надал. Епа и еве и македонски претставник кој заслужува поддршка и кој сега почнува да се пробива во тој свет.