Не само што повеќе луѓе од земјите членки сметаат дека ЕУ се движи во погрешна насока туку постои и сериозна недоверба дека со избори тој правец може да се поправи. Ваквата апатија, централата во Брисел ќе ја размрдува со вмровски финти - одвоиле 30 милиони евра за рекламни кампањи.
Берни Сандерс има фасцинантни бројки со поддршка меѓу младите. Сè се тоа напредни, модерни, освестени, бучни и агилни лица. Проблемот е само во тоа што таквите - слабо излегуваат на гласање.