Таг: интертото куп

Последниот европски трофеј на Јувентус

Со елиминацијата од Севиља во полуфинале, Јувентус остана без голема можност да го разбие проклетството во европските финалиња кое им трае веќе 24 години. Последниот трофеј во Лига Европа им е во 93-та, а во Лига на шампиони 96-та. На меѓународна сцена последен пат се радувале во Интертото Купот 1999. Во ЛШ имаат серија од 5 загубени финалиња 1997, 1998, 2003, 2015, 2017.

Освен Лига на шампиони и Лига Европа, УЕФА во 2021 ќе организира и трет европски Куп

Сојузот на европските фудбалски федерации најпознат под името УЕФА ќе вклучи и трет еврокуп во календарот од сезоната 2021/2022, пишува германски Bild.

Кога Пелистер ја пречека Селта Виго под Тумбе Кафе

Откако заврши четврт во 2000-та година, Пелистер стигна дури до третото квалификациско коло во Интертото Купот каде им се падна Селта Виго, годинешниот полуфиналист во Лига Европа.

Европската одисеја на Цементарница 55

На таа ’99-та година се сеќаваме по двомечот на прилепска Победа против Перуџа во Интертото Купот, а ретко кој памети дека во истото натпреварување Цементарница 55 несреќно испадна од рускиот Ростелмаш предводен од Сергеј Андреев, поранешниот тренер на Вардар.

Кога Прилеп ги пречека Перуџа и Хидетоши Наката

На 11. јули 1999 година во реваншот од 2. коло на Интертото купот, во Прилеп гостуваше Перуџа предводена од Хидетоши Наката и тренерот Карло Мацоне. Прилепчани во првото коло играа против Озета Дукла од Прага, дома славеа 3-1, таму загубија 3-1 и пројдоа после пеналите 3:4.