Таг: имитации

9 од 1

Иако според правило 34 ако се потрудиме би нашле и порно клип што одговара на насловот, за сега ќе останеме на видео со 9 феноменални (не е ни нескромно, ни претерување) имитации на Џонатан Кајт (од 2 Broke girls). Го имаш Обама, Том Хенкс, Сет Роген, Трамп, Кристијан Бејл и тоа совршено добро.

Имитација на линискиот судија во Романија

Не се први, ниту последни што го имитираа линискиот судија, но се прилично оригинални. Како први така други на мечот Конкордија - Брашов во романскиот фудбал.

Кога Кевин Спејси имитира

Клипче од 2000. во кое двојниот оскаровец, нам драгиот Вербал Кинт, во шест минути имитира дури девет од неговите колеги - Џејмс Стујард, Марлон Брандо, Кетрин Хепбрн, Ал Пачино.