Таг: илијада

Kласичарот кој го „убил“ Хомер истражувајќи низ Југославија

Приказната за делото и трагичниот крај на животот на Милман Пери може да биде еп самиот по себе. Тој е значаен не само за класичните студии и проучувањето на Хомер, туку и како етнограф кој ги регистрирал епските песни на гусларите од некогашна Југославија.

Правење скара со Хомер

Древните епови се толку „густи“ со нарации, ликови и настани што нудат неверојатни опции за нивно толкување и црпење податоци за начинот на живот во време кога биле кажувани и запишувани. Така, „Илијадата“ може да се чита и како готвач, тврди еден нејзин истражувач.

Професорката што предава за „Илијада“ во кафана

Ако некој ви каже дека славниот старогрчки еп личи на „Гејм оф тронс“, тоа веднаш звучи некако попримамливо отколку „куп стихови во хексаметар“. А па ако ви го претстави преку нешто што повеќе личи на актерски перформанс отколку на професорско предавање, е тогаш можеби ќе посакате и навистина да го прочитате. Барем неколку странички.

Прв препев на „Одисеја“ на англиски направен од жена на сите времиња

Западната книжевна традиција не може да се замисли без „Илијада“ и „Одисеја“, а секако и без нејзините преведувачи. Ново издание на „Одисеја“ на англиски е прво во долгата англо-саксонска традиција на преводи на ова дело започната во 17 век, препеано од жена. 

Маратонско читање на сите 18.225 стихови од „Илијадата“ со 66 актери

Хомеровите епови често се нарекуваат темели на западната книжевност. Но ретко кој самиот седнал да ги прочита илјадниците стихови без да му здосади.