Таг: хомеопатија

Хомеопатска компанија повлекува над 600 производи

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) откри „високи нивоа на микробна контаминација“ во производите на Кинг био наменети за луѓе и животни. Од компанијата објаснуваат дека повлекувањето го прават повеќе од атер на ФДА, отколку што нешто имало.

Хомеопатија а.к.а. „здравствена опасност“

Руската академија на науки ја обележа хомеопатијата како здравствена опасност и сега бара од руското министерство за здравје да престане со користење хомеопатска медицина во државните болници низ земјата.

Овој лек не работи

Американската федерална комисија за трговија ќе бара од производителите на хомеопатски што-и-да-се-тоа јасно да обележат дека нивните производи не функционираат.

Хомеопатијата е гола вода

Официјалниот заклучокот е дека хомеопатијата е "терапевтски ќорсокак", а заклучокот е од систематска рецензија која покажала дека третманот не е ништо поефикасен од плацебо.

Британија е на пат да ја забрани хомеопатијата

Властите во Велика Британија сериозно размислуваат за запирање на поддршката на хомеопатските лекови на кои годишно се трошат 5 милиони фунти од фондот за здравство. За тие пари би можеле да се платат над 200 квалификувани медицински сестри годишно, велат поборниците на забраната.

Доста беше глумење дека хомеопатијата врши каква било работа

Англиската влада ќе разгледува дали хомеопатијата треба да биде ставена на црната листа на третмани кои на општите доктори во Англија им е забрането да ги препишуваат. Аргументот е дека пациентите не добиваат ништо повеќе од бескорисни зашеќерени таблети.

Хомеопати од цел свет, приберете се

Конференција за хомеопати (официјално - алтернативна медицина) во Германија завршува во комплетен хаос откако десетици учесници земаат супстанца слична на ЛСД и почнуваат да трипаат низ хотелот и околината.

Хомеопатија, ќе беше глупо да не беше опасно

Не само што не е ефективна во третирање на која било болест, туку луѓето што избираат хомеопатија го ризикуваат своето здравје затоа што одбиваат или ги одложуваат потребните терапии.