Таг: хајбери

20 години од првиот ден на професорот во Арсенал

Арсен Венгер денес слави јубилеј две децении на клупата на „Топџиите“. Дојде како иновативен тренер кој допринесе (уште допринесува) за развојот на убавиот фудбал. Во Премиер ги донесе Анелка, Виера и Тиери Анри и веќе во првата сезона освои двојна круна. Во последно време навивачите му замеруваат поради тоа што имал „змија во џебот“ и не троши пари за нови засилувања на тимот.

Излегуваш на улица и 10 луѓе го сликаат твојот дом

Човекот кој на 5 години првпат бил на стариот Хајбери, 36 години подоцна живее во стан на Западната трибина од каде низ прозорот гледа на некогашниот терен и се сеќава на амбиентот на овој легендарен стадион.

Пол Мерсон - лудата глава на Арсенал

Секогаш помал од другите, но подобар техничар кој во една вечер можел да испие колку сите соиграчи заедно. На теренот одлично крило, во дискотеките и клубовите кокаин и алкохол до раните зори. Незаборавниот Пол Мерсон.

Како денес изгледа Хајбери?

На местото на кое Арсенал ги доживеа најславните денови во клупската историја, денес има станбен објект. Цените за стан на местото каде беше Хајбери достигнувале и до 1 милион фунти. И покрај различната намена, автентичноста на местото е иста, а задржани се и многу оригинални елементи од стадионот. Целиот објект беше отворен официјално од Арсен Венгер на 20-ти септември 2009. година.

Бин Ладен навивал за Арсенал на Хајбери

По терористичките напади на 11. септември 2001. година, НАТО го бараше Бин Ладен под дрво и под камен, а во тоа им помогнал и Арсенал, кој тогаш објави дека Бин Ладен веќе нема право на сезонската карта, со која во минатото го гледал Арсенал во Лондон и да не го бараат на нивниот стадион.