Таг: група вагнери

Украина викендов добила наредба да си гледа своја работа

Пред Пригожин да се повлече во саботата вечерта, повеќе западни функционери контактирале со украински функционери на различни позиции и нивоа за да ги предупредат да не помислат да го искористат хаосот во Русија и да почнат со напади на мети во земјата.

Уште некој ден и ќе биде како Пригожин никогаш да не тргнал со војска на Москва

На вториот работен ден по обидот за вооружен преврат на цела или дел од руската влада, руските власти објавија дека се откажуваат од сите кривични обвиненија против лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Пригожин се закани со повлекување од Бахмут на 10 мај

Откако сподели видео како оди меѓу десетици лешови на тазе загинати борци на Вагнер во Бахмут, основачот на организацијата му порача на руското министерство за одбрана дека неговите борци ќе го напуштат градот на 10 мај, доколку не почнат да ја добиваат неопходната поддршка, главно во муниција.

Руската војска престанала да го снабдува Вагнер со муниција

Основачот на Вагнер групата обвини неименувани руски воени функционери дека одбиваат да им испорачаат на борците на Вагнер доволно муниција како последица на ривалството меѓу него и дел од руската елита.

Која е Групата Вагнер?

Србите ги нарекуваат „Руските витези“, имаат „работено“ од Украина до Сирија, од Либија до Венецуeла , властите на Мали ги ангажира затоа што претходно секаде каде што стапнале завршиле работа, а според западните медиуми станува збор за руски платеници со директен пристап до самиот врв на руската власт.