Таг: грчки фудбал

Голем хаос во Солун на дербито ПАОК - Арис

Во 11. коло од грчката Суперлига се судрија големите градски ривали од Солун, ПАОК и Арис. Гостинските фудбалери одиграа подобар фудбал и во 42’ минута од мечот поведоа со 0-1 со голот на Даниел Мансини. Ама следеше позната епизода од грчките стадиони.

Во втора лига на Грција падна најубавиот гол на месецот

На меч меѓу двете последни екипи од втората Супер лига на Грција, Караискакис изгуби 2-3 дома од ОФ Лерапетра. 2 гола за гостите даде 23-годишен Албанец Кристијан Кушта од Елбасан. Едниот гол мора да влезе во трка за наградата „Пушкаш“ на крај од сезонава

ФИФА затворај конкурсот за гол на годината

За време на мечот Ламија - Атромитос во грчката Супер лига, домаќините водеа 2-1 до 80' минута. А тогаш Апостолос Велиос направи нешто што многу ретко се гледа на фудбалските терени.

Ова ако е офсајд, Величе стварно е Џерард

Има судиски утки и утки. Оние кога милиметри се во прашање се претешки за судиите, па среќа варот се шири по лигиве. Ама за ова е живи срамои да кренеш знаменце. 

Режија, кој ти дал диплома да ти ги врати парите

Додека камерманот го фокусираше кадарот кај топката во аут, Офи од Крит поведе со 1-0 преку Коељо. Среќа до крај паднаа уште шест гола па гледачите и не му замериле многу...

Најстариот грчки клуб исфрлен од Европа на три години

Панатинаикос од Атина нема да може да игра во европските натпреварувања во следните 48 месеци - е одлуката на УЕФА која уште лани му пратила на ПАО неколку опомени за заостанати долгови кон играчи и тренери.

Чудесија од гол во 95-та за пласман во финале на Куп

АЕК Атина ја игра можеби најдобрата сезона во клупската историја. На пат се до титулата во грчката лига после цели 24 години а вечерва обезбедија и пласман во финале на Купот со страшен гол на Лазарос Кристодолопулос.

Газдата на Олимпијакос ги брка првотимците на сред сезона

Паднатиот гигант во грчкиот фудбал имаше неколку убави прилики да се врати на првото место на табелата но по серијата лоши резултати газдата ги распушти играчите предвреме и ги удри по џебот.

Газдата суспендиран на три години, ПАОК казнет со три бода

Хаосот во грчкиот фудбал продолжува откако раководните луѓе на лигата решија да му одземат три бода на солунскиот клуб кој брка титула после цели 29 години. Во меѓувреме во Пиреа нереди на навивачите на Олимпијакос кој мислат дека властите го помагаат ПАОК.

Нов хаос во Солун, дербито Паок - Аек со неславен крај

На денот на клучниот меч против АЕК, грчкиот сојуз му ја укина казната на Паок од три бода после што вечерва меѓусебниот дуел АЕК го почна со 54 бода, а Паок со 52 пред преполниот стадион „Тумба“.

Хаос во Солун, гореа улици поради Олимпијакос

Само што стигнаа до шанса после икс години да ја освојат титулата, фудбалерите на ПАОК би можеле да пропатат поради глупостите на нивните навивачи.

Ќе се радуваат ли Ристовски и Спортинг на титула после цели 16 години?

Во 4 од 5 Топ лиги во Европа сè е решено, само во Италија има интрига. Во останатиот дел од Европа, интересна пролет ќе има во Полска, Русија, Турција, Грција. Македонец има шанса да стане дел од историјата на Спортинг.

Малака, врне снег па растура

Ламиа е град во централна Грција со околу 75.000 жители и се наоѓа на 213 километри од Атина. Таму во Купот гостуваше Панатинаикос а условите за игра беа како да ви кажеме. На крајот ПАО изгуби со 4-1 а грчките медиуми пренесуваат дека клубот е на работ од банкрот и пред финансиска пропаст.

Кој вика дека Грците не ги бива за фудбал

Селекцијата на Грција беше недорасната да се носи со Хрватска во баражот за Светско и заслужено е елиминирана. Не покажаа никаков концепт во играта, ама имаат екипи со страшно мангупски концепт кој го демонстрираа за 8 секунди по првиот свиреж на судијата. Аплаузи на отворена сцена за второлигашот Панакаики. Ваква прва акција немала ни Барса со Гвардиола.

Хаосот во Пиреја кога последен пат Грција играше со Хрватска

И едните и другите не сакаа да се паднат меѓу себе во баражот затоа што овој дуел носи голем безбедносен товар. Во 2011-та играа во квалификациите за ЕП 2012 и бидна што бидна на трибините.