Таг: голо

Веројатно најдобриот почеток од центар

Други времиња, други правила, друга мода. Да имаше сега вакви, навивачите ќе бараа ВАР од секое нивно појавување. На оваа стара снимка го познавме само легендарниот Колумбиец Валдерама, другите и не се битни.

Гол Диоген на загрепските улици

Mинатиот викенд на плоштадот Тесла пред Културно информативниот центар во Загреб уметникот од Тајван Лан Хунг, во склоп на перформанс инспириран од Диоген, требаше да мине осум часа во потрага по Човек. Лоша вест - бил отстранет од полицијата по пет. Добра вест - толку часови шетал гол низ строгиот центар.

Ангажирани дуплерици

Прв пат од неговото формирање во 1953. магазинот „Плејбој" на средните страници во изданието за јануари/фебуари 2013 нема да има класични разголени убавици, туку дела од познати современи уметници.