Таг: гол од мртов агол

Во Бразил падна гол кој треба да оди на научно испитување

Кога го гледаш клипов на прва, ќе помислиш дека играчот се труди да ја спаси и евентуално да ја нафрли, а тој ја шутна и погоди. Кога ќе кажат „гол кој ја сруши физиката“, се мисли на овој. Па ова е нелогично луѓе, точно од мртов агол ја даде. Ама со надворешен.

Невозможен гол од мртов агол

Марко Леонардо од Сантос го фрли во транс коментаторот кој почна да завива после овој чудесен погодок од речиси невозможна позиција. Сите други од ваков загубен агол би пробале да нафрлат, а овој го збуни голманот и му ја смести зад грб.