Таг: Герет Меколи

Најнепознатиот дефанзивец од Премиер лига има повеќе голови од Варди

Ај сега бидете искрени и немојте да ни пишете во коментари како тоа не го знаеме Герет Меколи. Прво се работи за репрезентативец на Северна Ирска. Второ од 1996-та до 2011-та играл за пониски лиги, а од 2011-та е член на Вест Бромвич Албион. Дечкото наполни 37 години, игра во одбрана и сезонава е подобар стрелец во Премиер лига од Варди, Де Брујне и Погба.