Таг: френки де јонг

Имаше ли пенал над Де Јонг?

Од една камера се гледа како Холанѓанецот сам ја удира својата нога и се сопнува, а од друг агол се приметува како левиот бек на ПСЖ Курзава има контакт со Френки Де Јонг. Останува нејасно зошто судијата не погледна ВАР во 27' минута кога Барселона доби пенал кој го реализираше Меси за 1-0.

Френки, што е со асистенцијава?

Барселона ја запали машината во Лига на шампиони и со 5-1 го декласираше унгарски Ференцварош. На „Камп Ноу“ стрелаа Меси (прв играч во историјата со макар 1 гол во 16 сезони по ред во ЛШ), Фати, Кутињо, Педри, Дембеле. 17-годишниот Фатив даде гол за 2-0 на маестрална асистенција на Френки Де Јонг.

Офкаше коментаторот после пасов на Де Јонг

Каталонците синоќа беа сигурни на гостувањето против Селта кое го добија со 0:3. Можеше и 0:4 да биде ако Гризман го исконтролираше ова брилијатно додавање на надворешна на Френки

Реакцијата на Де Јонг кога дозна дека Аjакс е елиминиран во ЛШ

Со нив беше три сезони, со нив се прослави, со нив освои титула, со нив стигна до полуфинале во ЛШ и од кај нив го направи можеби трансферот на кариерата во Барселона за 75 милиони евра. Затоа е оваа искрена емоција спрема своите.

Фати и Де Јонг прават чуда

Во меѓунеделното коло од Ла Лига, Барселона со 2-1 го совлада Виљареал со головите на Гризман и Артур. Ама навивачите уживаа во претставата на Фати и Френки Де Јонг.

Опасен пас на Де Јонг со надворешна

Каква ќе биде Барселона сезонава со староседелците Меси, Суарез, Дембеле, Кутињо и новите Гризман и Де Јонг ќе видиме уште од петок кога ја стартуваат сезоната со гостување во Билбао. Инаку играа уште една пријателска со Наполи на која повторно Елмас одигра едно полувреме. Ги растурија 4:0.

Фина комбинација Гризман - Де Јонг на тренинг

Со душа го чекаме Ел Класико да видиме како ќе функционираат Гризман и Де Јонг кај Барса и Азар во Реал, на страна целата плејдата на асови и во двата клуба. Првите двајца веќе почнаа да делуваат опасно, а уште не почнало првенството.

Како се расонува Френки де Јонг

Измеѓу така напорна сезона во која стана шампион во Холандија и финалист во ЛШ, а му следува предизвик наречен Барселона, засилувањето на Камп Ноу од 75 милиони евра вака се буди на Сејшелските острови.

Како симпатизерите на Ајакс го испратија својот миленик

Френки де Јонг кој беше главен автор на бајката на Ајакс сезонава, со титула во холандското првенство се прости од навивачите и оди во Барселона. Го испратија како голема легенда на клубот иако има само 22 години.

Легендарното крило Овермарс прави ренесанса во Ајакс

Славниот клуб од Амстердам неколку години го немаше на фудбалската мапа на Европа онака како што треба да го има, па затоа Јохан Кројф пред неколку години го викнал Марк Овермарс на кафе-муабет.

Ајакс го купил Де Јонг 1 евро, а го продаде за 75 милиони евра

Најсмешно од сè е што комшиските клубови Вилјем Втори и Валвајк со години соработувале ортачки, но процентот кој требал да се земе од Ајакс за трансферот на Френки Де Јонг направил цел циркус.

Како почнал со фудбал чудесниот Френки од Ајакс кој потпиша со Барселона

Младиот Френки де Јонг е веројатно еден од ретките таленти кој имал проблем речиси со секој тренер во досегашната кариера. Никој не знаел да го препознае неговиот авантуризам на теренот.

Како игра Френки Де Јонг од Ајакс што го бара пола Европа

Роден е во 1997 година. Има 21 а веќе запиша преку 40 натпревари за првиот тим на Ајакс. Игра во средниот ред и важи за предводник на новата талентирана генерација „Копјаници“. За него ПСЖ и Барселона се спремни да одвојат преку 80 милиони евра.