Таг: фил невил

Од едно време во Манчестер кога победата е поважна од братот

Играа заедно 11 години, се радуваа заедно на 14 трофеи, ама кога во 2005-та Фил направи трансфер во Евертон, а Гери остана во Јунајтед, браќа да, може, ама после утакмица. Сега фокусот е 3 бода и ништо друго.

Клубот на Бекам, Гигс, браќата Невил и Сколс напредува многу добро

Kлубот на легендарната дружина од Манчестер Јунајед, Салфорд Сити освои три промоции во последните четири години и сериозно се качува по скалилата нагоре. А кога дошле првпат во клубот, Гери Невил прашал: „Овде треба нов напаѓач или нов тоалет“?

Мора ја да гледате свадбата на Фил Невил

Нема тука буткање врата, ставање пари во штикла и вртење погача со сватовите, ама има одење по невеста, црква, ресторан и матично, како и фаци кои ја освоија тројната круна на Манчестер Јунајтед. Фино е да се види таа легендарна банда на Фергусон во едно вакво расположение, особено Рајан Гигс кој растури на бина. И нормално не му пејат Наум Петрески и Миле Кузмановски, туку Род Стјуарт и Џорџ Мајкл.

Фил Невил ги успал Англичаните со коментирање

Фудбалските натпревари кои се квалитетни и интересни за гледање, не значи дека секогаш се пријатни и за слушање. Милиони Англичани кои го следеле мечот против Италија кој се играше на полноќ, ќе заспиеле поради здодевниот пренос на ТВ. Ние таков проблем со дуото Калински-Панчев немавме.

Ѕвездите од генерацијата 92`

Шестмината „Црвени Ѓаволи" кои беа дел од Јунајтед во деведесетите години станаа инспирација за документарен филм кој ќе се прикажува во Велика Британија од наредниот месец.