Таг: федерико валверде

Проектилот на Валверде кој за влакно не ја торпедираше Јужна Кореа во 90-та минута

И покрај фаворитската улога, Уругвај против Јужна Кореа одигра само 0:0, што е четврти компир на ова Светско. Суарез, Нуњез и Кавани немаа оружје во напад и најјакиот обид на мечот го имаше одличниот Федерико Валверде, кој веќе стана препознатлив во Реал Мадрид по ваквите удари.

Дојди кај мене на балкон да го гледаме Реал, може и топка ќе ќариме

Имаме нереална фудбалска сцена за шпански услови, па уште и прва лига, реална за Кратово, Ѓорче и останатото во мак фудбал. Замислете на мечот Рајо Ваљекано - Реал Мадрид, првиот комшија до стадионот му ја фати жива на Валверде во стилот на Столе Димитриевски и тоа на балкон.

Од млад ветувачки талент до новиот Џерард: Како Валверде стана Валверде?

Уругвајскиот играч за врска се повеќе се истакнува на Бернабеу, благодарение на одличниот старт сезоната. Погоди на дербито против Атлетико и на Ел Класико. Додека Реал почнува да ги гради темелите за средниот ред на иднината, Анчелоти отиде со многу јака споредба за еден од своите ученици.

Федерико Валверде е ова или Мики Маус?

Фудбалерот на Реал Мадрид тука треба да е влезен во пубертет, ама уште не му е измутиран гласот. Како издржа репортеркава да не прсне, ние рикаме.

Фантастични соло мајстории на Родриго и Валверде

Актуелниот шампион на Шпанија има перфектен старт со 5 од 5 во Ла Лига. Синоќа ја декласираа Мајорка со 4:1, а за атракција се погрижија Родриго кој ја изора одбрана како нива, како и Валверде кој ги изненади гостите со трк од своја половина, а потоа ја испали неодбранливо.

А видовте ли што му направи Валверде на Зинченко?

Ако го гледавме полуфиналето синоќа, знаете за што ви зборуваме. Потегот беше нотиран и од коментаторот и ова е еден од оние дриблинзи кој не знаеш дека постојат, а не па да го предвидиш.

Детево од Реал одлепи тоталка на израмнувањето во 95-та

Реал Мадрид синоќа успеа да се спаси од пораз на Местаља дури во 95-та минута. Пред голот се случи една мешаница од која профитираше Бензема, а за време на славјето највпечатлива беше прослава на 21 годишниот Федерико Валверде.