Таг: фаул

Меѓудругото зошто ни фали фудбал

Од коло во коло, од викенд во викенд имаше сè и сешто по фудбалските игралишта ширум светот. Буквално секој втор ден некоја нова будалија. Како оваа.

Епа тоа е кога ме терате да играм на 1-ви јануари

Дејви Пропер од Брајтон или бил уште пијан од нова година или љут на проклетата англиска традиција да се игра фудбал на првиот ден од годинава. Мечот Брајтон - Бурнемут 2:2 се играше во 13:30. За 2 секунди собори двајца играчи на земја, онака без пардон.

Најзабранетиот фаул во фудбалот и пошироко

Ретро гиф од Африканскиот Куп на нации од мечот Ангола - Конго на кој колку и да тврди момаков дека одел на топката, лаже бидејќи тоа не изгледа така.

Хамес Родригез се повреди откако глумеше фаул

Во првиот меч од Копа Америка, Колумбија со 2:0 го победи домаќинот САД, а мечот го одбележи повредата на фудбалерот на Реал Мадрид кој се обиде да симулира прекршок, но камерите го уловија.

Аут ли е, фаул ли е?

Неколку пати го гледаме видеово и не сфаќаме дали линискиот судија сигнализира фаул, корнер, замена, аут, пенал или од пусти страв го одбра најлесното решение?

Голот кој (не) требаше да биде поништен

Во време кога критериумите за досудување прекршок беа други, Манчестер Јунајтед прими гол кој се смета за еден од најконтроверзните постигнати во финале.

Како тренер спречува контра напад

Ќе ви покаже Пабло Мартел од Аргентина кој тоа го направи апла со намера, доби црвен картон и потоа залудно бараше правда.

Хорор фаул на пријателска

Дефанзивецот на Севиља, Беноа Тремулинас со две нозе брутално го фаулираше Дрис Мертенс на пријателската меѓу Франција и Белгија која заврши со победа на Белгијците од 4-3. Французинот не доби ниту жолт картон, а Мертенс можеше да заврши со скршена нога.

Ем лакта ем глуми

Моментот е од натпреварот Тринидад и Тобаго - Панама, одигран во рамките на КОНКАКАФ Купот за играчи до 20 години.

Судија најди црн картон за ова

Ако на времето Михајловиќ можеа да го казнат со 8 меча кога го плукна Кежман во Лигата на шампионите, тогаш во денешно и уште построго време, детево треба да одмори една година од фудбал.

ФДУ: Фудбалски драмски театар

Ниту жолти картони и опомени за симулирање фаул не ги спречуваат фудбалерите да глумат на теренот. Некои се добри, а некои лоши глумци.

Прекинат меч поради групно симулирање фаул

Пораз од 4:1 на куп натпревар во Перу тешко се прифаќа, а фудбалерите на Боливар не сакаа нути да го доиграат. На судијата дури петмина играчи му “се жалеа“ на повреда, па мораше да свири крај. За играта да продолжи потребни се седум во екипа.

Нема пенал за џудо потег

Кога веќе судијава не му даде картон или барем фаул за потегов, можеше да му даде поени за одлично извршена ката.

Кофа без осет за фер-плеј

Натпревар од некоја втора, трета српска лига "на крилјата" на коментар од Маракана и ланскиот судир меѓу Србија и Хрватска. Коментатор Аца Стојановиќ.

Неверување и казна

Глумење во напад е кога Инзаги ќе ти падне во шеснаесетник, глумење во одбрана е кога напаѓачот ќе го издигаш на клоци па нема да ти се верува што судијата не сака очи да ти види на терен.

Црвен картон за сопка на навивач

Да, баш така како што ви пишавме во наслов. Намерниот фаул врз навивачот фудбалерот го плати со исклучување.

Поради овој фаул ја откажа свадбата

Најкрвничкиот старт кој се случи овој викенд за кој некои коментатори знаат да кажат дека е за казна затвор, се случи во Израел. Фудбалерот на Макаби Хаифа, Рубен Рајос “без мозок“ му влезе на играчот на Јехуда, Рафи Дахан. 

Двоен прекршок на судијата

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Сандерленд синоќа беа дрва и во пенал рулетот промашија дури седум од вкупно 10 изведени удари од белата точка. Згора на се не добија прекршок од човекот кој наместо да им суди, ги фаулираше комично.

Офсајд лик: Мехди Карсела

Фудбалерот на Стандард дефинитивно овој викенд заслужи да влезе во нашата рубрика офсајд лик. На натпревар од белгиското првенство тој беше жртва на најгрдите фаули, но за скршеницата на зглобот одговори дрско за што доби црвен картон.

Фаул без мозок

Има и други начини како да спречите контра напад, но 19 годишниот Гаспер Инигуез на средбата помеѓу Аргентинос и Бока Јуниорс го избра најболниот за него. Немој да учите од него, ќе ве боли.