Таг: европски шампион

Нека ечи „We Are The Champions“

Ако нешто ќе се слуша и репризира долго време по синоќешниот магичен ден за ракометарите на Вардар, тоа е победничката химна која ја пејат шампионите во секој српот. Ја слушаш и се ежиш, толку. Инаку кој би рекол дека еден ден кога Рк Вардар ќе стане Европски првак, ќе ни ја пее Мелани С од Спајс Грлс.

Како за 30 денари да го гледаш европскиот првак Вардар

Во рамките од 10. коло на плејофот во македонската ракометна Супер Лига, во среда новиот крунисан шампион на Европа гостува во Велес против тимот на ГРК Борец. Цената на картата симболична. Секоја чест за домаќинот.

Пехарот кренат, Скопје во транс

Во моментите кога Вардарци го кренаа највредниот трофеј во европскиот клупски ракомет додека Мелани Си пееше We Are The Champions, на улиците на Скопје започна еуфоричното славје.

Слави Македонијо - Вардар е европски шампион!

Откако ја скротија опасната Барселона во полуфиналето, ракометарите на Вардар на неверојатен начин ја крунисаа европската одисеја и го совладаа страшниот ПСЖ 24-23 (11-12).