Таг: еврогол

Ау мајсторе што волеј ќе беше ова

Во 4. коло од лигата на Република Ирска се сретнаа Шамрок Роверс и Дандалк, два клуба кои во последните сезони најчесто ја претставуваат оваа земја во еврокуповите. Домаќините победија 3-2 и сега се први на табела со 12 бода. Ама вториот гол за гостите што го даде Џордан Флорес тешко дека нема да влезе во трка за гол на сезоната.

Во Мексико падна голот на сезоната

Андре-Пјер Жињак е повремен француски репрезентативец. Веќе неколку сезони е главен играч во мексиканската лига. Игра за Тигрес. Синоќа на мечот против Пумас даде три гола од кои третиот му беше тотално луд.

Лоб на деценијата во Германија

Борусија Менхенгладбах не се зафркава. После 19 кола во Бундеслига се на 3. место со 38 бода, само 2 помалку од првиот РБ Лајпциг. Во саботата глатко со 3-1 го совладаа Мајнц а од сите 4 гола на мечот, еден ќе се врти уште некое време. Го даде Флоријан Нојхаус.

А евроголот на Халер од Вест Хем?

Дејвид Мојс имаше совршен старт на новата (втора) авантура на клупата на Вест Хем. Го демолираа Борнмут со 4-0 а вториот погодок на мечот беше уметноста на Себастијан Халер.

Мајсторе, за голов треба да те позлатат во Египет

Африкански Куп на Конфедерации. Пирамидс гостува кај Ал Масри. Резултатот 1-1 и во 83’ минута Мохамед „Додо“ Ел Габас дава спектакуларен гол за победа.

Гол на годината на мал фудбал

Жуниор Ѕанелато, играч на футсал тимот Колумбус, го постигна најубавиот гол во сала сезонава.

Некој дека рече Суарез бил стар и не бил во форма

Во Тел Авив многу интересен меч одиграа Аргентина и Уругвај. Паднаа четири гола и сите четири ги дадоа великани на јужно-американскиот фудбал: Кавани, Суарез, Агуеро и Меси. Оној на Лучо беше некако нај.

Емре викан торпедо

Најголемото изненадување во турската лига досега сезонава е Сиваспор, неочекуваниот лидер на табелата после 11 кола со 21 бод. Сиваспор играше викендов дома против Коњаспор и победи 2-0 со голови во 80’ и 89’ минута. Првиов беше тотален еврогол.

И дете на Вардар ја распали како лудиот Пољак

Откако го објавивме голчиштето на стоперот од полскиот второлигаш Јастржебје, првиот што ни остави коментар, ни пиша дека и во Вардар неодамна се случила иста таква лудорија. И стварно. Се вика Максим Милошевски, има 15 години и голманот го направи гледач во Синеплекс.

Луд стопер во Полска, ја носеше над 50 метри и даде еврогол

По теркот на историските халфови, Полјакот Михал Бојдис од второлигашот Јастржебје реши да изнесе една топка од негова позиција, дури таму до противничкиот гол. А кога реши да распали, толку беше од голманот на Подбескиѕе.

Центрирал или шутирал, битно даде еврогол

Руски фудбалски Куп, Зенит гостуваше 4.600 километри подалеку од дома, кај Јенисеј во Краснојарск. Во 14’ минута од мечот Констатин Савичев даде преубав гол за домаќинот. На крај претставникот во Лига на шампиони направи пресврт и победи 1-2.

Лоб на колото - многу фудбалски, со осет

Учесникот во ЛШ, Ред Бул Салцбург првпат после 8 одиграни кола не освои цел плен во австриската лига. Пред гостувањето кај ЛАСК имаа 7 победи на 7 меча, а во Линц спасуваа бод во 90-та минута (2-2). Томас Гојгингер направи голема мајсторија за првиот гол на мечот за домашните.

Каков еврогол на Хаџи беше ова

На денешен ден пред точно 19 години, Галатасарај предводен од Фатих Терим кој во состав ги имаше Хакан Шукур, Емре Белозоглу, Окан Бурук, Хасан Шаш, Умит Давала, Тафарел, Попеску се сретна во групната фаза од ЛШ против Монако. Ги добија со 3:2. Легендарниот Георге Хаџи мртов ладен шутна една топка од паркинг кој излезе топовската.

Страшен гол и во Турција

Имаше Бурсаспор водство од 0-1 кај Ескишехирспор а победата им ја потврди 33-годишниот лев романски бек Јасмин Латовлевичи во 90+1’ минута со страобален волеј од прва.

Гол од Мачу Пикчу

Леонел Енрике Падиља е фудбалерот на еквадорскиот тим Макара кој во 7’ минута на гости кај Универзидад Католика постигна пре-преубав гол од своја половина. На крај неговата екипа славеше 1-3 и е прва на табелата во Еквадор.

Уште еден ненормален гол со ножички, овојпат од Аргентина

По апсолутно најубавиот гол од почеток на новата сезона кој го даде Аниело Салѕано од италијанска Тернана, синоќа во Аргентина падна еднакво убав. Стрелец беше Енцо Калински кој во 83’ минута ја потврди убедливата победа на Естудијантес од 3:0 над Индепендиенте.

Епидемија на голови од пола игралиште

По Вејн Руни во МЛС, синоќа и Хари Кејн постигна луд гол од средина на терен и тоа против Јувентус. Нивната „маја“ го фатила и Русинот Денис Макаров од втора лига.

Моментот кога ќе испалиш ракета во гол

Со вкупен резултат 11-0, Малме ја помина првата квалификациска рунда против полуаматерите Балимена Јунајтед од Северна Ирска. Еден од 11-те гола во двомечот кој го даде Бехрант Сафати беше прав тонч!

Шутирај од таму колку сакаш

Македонските клубови се посрамотија во квалификациските натпревари за излез во Европа и ниту една екипа од Шкендија, Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров и Шкупи не се избори за второ коло. Сите го попапаа на реваншите. Шкупи на Градски загуби 1:2 од Пјуник. Падна и еврогол.

Страшен гол на поранешен Вардарец во ЛШ

Слован Братислава одигра 1:1 против Сутјеска во првото квалификациско коло од Лига на шампионите. Гостите израмнија дури во 95-та минута и тоа на спектакуларен начин, со еврогол на Црногорецот Дамир Којашевиќ кој играше за Вардар во сезоната 2016/2017.

И на Станковиќ еднаш му легна вака

Добро тој на Србинот против Шалке беше уште појак гол, нема збор, ама и ова не е за фрлање. Бугарскиот коментатор на квалификацискиот меч од ЛЕ меѓу ЦСКА Софија - Титоград, конечни 4:0: Кога то гледаме европејски мачове, сме свикнати да виждаме европејски голове. И во право е.

Ја испука како од топ

Не бе на бек кога ќе му легне, легната е, плус малце му тапкаше и одеше накај него, најтаман посакувана топка. Шведската втора лига дефинитивно го има голот на сезоната.

Како изгледа гол од паркинг плац?

Полуфинале на Куп на Малезија. Паханг против Перак. При резултат 2:1 во 93' минута, домашниот играч Херолд Марк Гулон мести топка на повеќе од 60 метри од противничкиот гол. Сите мислат дека ќе се обиде да центрира, а царот шутира и....

Па дали си ти нормален од каде ја опали?

Сите од таму нафрлуваат, подаваат, размислуваат како да градат акција, овој не. Од крајот на светот ја даде и тоа во агол, кај што не се брани. Што лоб ќе беше ова?