Таг: елас

Како Черчил ги издаде грчките партизани и Егејците

Kога на 3 декемри 1944 година во центарот на Атина беа убиени 28 цивили, за масакрот не беа криви нацистите туку Британците и од нив вооружените соработници на дотогашниот окупатор. Гардијан на читателите им открива детали околу срамната одлука на Винстон Черчил да им сврти грб на оние што дотогаш гинеа и се бореа од истата страна што на Грција ѝ отвори рани, кои до денешен ден ја одредуваат политичката клима во таа земја.