Таг: џип

Судија бркан со џип на сред терен во Африка

Ние сме мислеле дека во балканските трети лиги има сè и сешто на фудбалски терени, ама во Јужна Африка се дефинитивно полуди. Некој цреп бил изиритиран од судиски одлуки, па решил да го брка со џип по цел терен.

Џип (???) каков само шеик што може да посака

Составен е од Доџ, Вранглер, воен камион и којзнае што се не. Се знае само дека е долг 10,6 метри, висок е 3,3 метри а широк 2,4 метри. Целата ова грдосија тежи 24 тони, а има 15,2-литарски Ц15 мотор од Катерпилар. Нормално дека сопственикот му е шеик.

И Ролс-Ројс извади џип

За 325.000 долари ја добиваш значката Ролс-Ројс и 6,75-литарски твин-турбо В12 мотор со 563 коњски сили. Официјалното име му е Ролс-Ројс Кулинан, по најголемиот дијамант што некогаш бил откриен.

Како се руши куќа, кога имаш вишок куќа и вишок џип

Да претпоставиме дека ете некако не постои опасност дека некоја штица ќе ги пробие шофершајбата и возачот како локум, и дека куќава некако го има заслужено ова што и се случува, а исто и џипот. Е, со ваков сетап ликов и понатаму е многу идиот.