Таг: дуделанж

Како во Луксембург го сушеа теренот за Лига Европа

Не сме виделе вакво нешто како ова што го правеа синоќа домаќините Дуделанж против АПОЕЛ пред да почне мечот. Ајде, ајде не зборите многу, фатете се за работа, мора да упие.

Новиот случај со дрон: Кој кого провоцирал во Луксембург и зошто

Во Лига Европа синоќа и во текот на вчерашниот ден беше генерално мирно од навивачки аспект: немаше брканици по плоштади, немаше повредени или приведени. Ама затоа имаше нов случај дрон.

Многу лош обид да сруши дрон со топка во ЛЕ

Мечот од Лига Европа меѓу Дуделанж и Карабах синоќа беше во прекин, откако некој среде Луксембург се обиде да го испровоцира азербејџанскиот тим со ерменско знаме закачено на дрон, а проблемот е што Ерменија и Азербејџан се од поодамна во војна. Еден од играчите се обиде да го симне, како порано во маало кога ќе ни се закачи топка на дрво. Се посрамоти за сите пари.

Комедии од завршница два на еден со голман

Дуделанж од Луксембург синоќа го направи најголемото изненадување во Лига Европа откако ја оствари првата историска победа и тоа со пресврт 3:4 против АПОЕЛ. На 0:0 направија циркузијада пред гол. Епа не можеше повеќе да се ушепртља.

Во квалификации за Лига Европа, Агим Ибраими со глава удри судија

Очајниот излет на македонскиот клупски фудбал во Европа заврши во сезона на капење. Шкендија по шокантниот пораз од 1-2 од аматерите од Луксембург, денеска во реваншот одигра само 1-1 и испадна од Дуделанж. Тетовци добија три црвени картони од кои два во самиот финиш. Агим Ибраими го чека сериозна казна од УЕФА откако со глава го удри главниот судија од Велс.

Како Дуделанж направи чудо, влезе во Лига Европа и ќе игра со Милан

Имаат стадионче 30 пати помало од Сан Сиро. Имаат население колку една скопска општина. Тренерот Дино Топмелер е една година помлад од капитенот на екипата.