Таг: Дани Себалјос

Реал го нема Роналдо, ама го има Дани Себалјос

Во ситуација кога Кристијано замина во Јувентус, а најголемите ѕвезди одмораат уште некој ден по напорите на Светското првенство, на тренинзите на Реал за забава е задолжен младиот талент Дани Себалјос.

Наследник на Чави, Иниеста или Меси?

Бетис во своите редови има фудбалски бисер со страшно добри карактеристики и летово можно е да го облече дресот на Реал Мадрид. Игра во средина, има техника и визија како Чави и Иниеста, а брзина и дриблинг како Меси. Детево кое во полуфинале на ЕП У-21 им го испи мозокот на Италијанците, е иднината на шпанскиот фудбал. 

И Италијанците еднаш да излезат мајмуни во одбрана

Со хет-трикот на Саул, Шпанија ја тресна Италија 3:1 и се пласираше во финалето на ЕП У-21 каде ќе игра против Германија. Секоја чест за фудбалерот на Атлетико Мадрид за трите гола, но ние ќе се осврнеме на Дани Себалјос кој игра во Бетис и кој правеше магии во среден ред. Насловот не е целосно точен. Три пати ги направи мајмуни. Скаутите сигурно вртеле по телефони уште на полувреме.