Таг: чиро блажевиќ

Само Чиро легендата има дадено ваква изјава на Светско

Се работи за Мундијалот 1998 во Франција каде Хрватите го остварија она легендарно трето место. Еден од противниците во групна фаза им беше Аргентина која го имаше легендарниот Габриел Батистута со 5 погодоци на тоа Светско. Хрватите пак се гордееа со легендарниот Давор Шукер кој заврши како прв стрелец тогаш со 6 комада, пред напаѓачи како Роналдо, Салас, Анри, Бергкамп, Бироф, Клинсман, Виери, Ширер....

Како изгледаше прес на Ќиро после победа од 7:0?

Во 2008-ма легендарниот Мирослав Блажевиќ како селектор на БиХ, на квалификациски меч за СП ја победува Естонија 7:0, најголемата победа во историјата на оваа земја. Кај нас било кој да е селектор, би изјавил: Па добро, мислам дека заслужено победивме, ги надигравме во сите сегменти. Ама Ќиро е Ќиро.

Како Динамо Загреб и Чиро Блажевиќ го испуштиле Михајловиќ за 20.000 марки?

Црвена Ѕвезда не е единствената екипа која го имаше и не го зема Синиша Михајловиќ бесплатно, па потоа плати рекордни 1,2 милиони марки. Слична глупост направиле и нивните хрватски ривали на чело со тогашниот тренер на Динамо, Чиро Блажевиќ.

Каде се вакцинираше Чиро Блажевиќ?

Србите го имаа Вујадин Бошков, ние го имаме Андон Дончевски, а Хрватите Чиро Блажевиќ. Зборуваме за стари тренерски легенди кои не би ги споредувале. 86 години има Чиро и последно Задар го тренираше пред шест години. Уште е таков пред камери, како што го знаете.

Најголемата победа во историјата на Хрватска

Оваа златна генерација на Хрватска потсетува на онаа од 98-ма, на која е блиску да и го повтори или можеби надмине историскиот успех од пред 20 години. Легендарниот Чиро Блажевиќ раскажува какво било неговото и лицата на неговите херои во соблекувална, кои го урнаа Европскиот првак со 3:0.

Анегдотата на Чиро Блажевиќ за Штимац и Бокшиќ

Чиро Блажевиќ е жива 83 годишна легенда која има искусено 18 клубови и 5 селекции во кариера која му траеше 46 години. што значи има бајаги за раскажување. Плус е познат како тешка будалетинка.

Сеќавање на култниот Босанец кој правеше циркус во Бундеслига

На 6. април 2002 година, голманот од БиХ го прими најсмешниот гол од кога се игра германската прва лига. Правеше и други киксеви но Германците го паметат по харизмата.

Како Чиро ги фатил Бокшиќ и Штимац со проститутки

Легендарниот хрватски тренер кој ја водеше Хрватска од 1994-та до 2000 година со која го освои историското трето место на СП 1998, секогаш има материјал со анегдоти. Најновата му е од времето кога им беше селектор.

Вицовите на Чиро Блажевиќ

Неуморниот хрватски стратег (инаку тренер на 18 клубови и селектор на 5 репрезентации во периодот од 1968-ма до 2014-та) во една опуштена атмосфера со двајца и камерманот тројца, кажува вицеви. Не е он будалетинка од типот на Мамиќ, туку само циркузант. Доста е да му го чуете вториот виц, тој со ушите.