Таг: чаби прието

Баскискиот Тоти ја завршува кариерата со негов лик наместо амблемот

Паоло Малдини, Франческо Тоти, Рајан Гигс, Пол Сколс и Чаби Прието, тие се најверните фудбалери кои од почеток до крај го носеа саканиот дрес. По првите четворица, дојде време да се поздравиме и со легендата на Реал Сосиедад.

Капитенот кој 10 години не промашил пенал

Се вика Чаби Прието и е легенда на Реал Сосиедад. Човекот откако влегол во првиот тим во 2003-та, до денес дал 22 гола од пенал од 23 обиди. Промашил само еднаш против Билбао во 2007-ма. Тимот на Сосиедад во последните осум сезони промашил само еден пенал кога во 2012 Иманол Агирече утнал против Бетис.