Таг: бруно петковиќ

А видовте ли што им направи Бруно Петковиќ на Милитао и Маркињос?

На толку возбудавања, продолженија, пенали, емоции, солзи и радости, не смее да се заборави со каква бразилска мајсторија се соочија самите Бразилци. Џокерот на Далиќ и клупски колега на Адеми и Ристовски во еден момент си поигра со ѕвездите на Реал и ПСЖ.

Велемајсторски гол на Петковиќ на асистенција на Ристовски, Динамо слави пласман во ЛШ

По 120 минути битка, Аријан Адеми и Стефан Ристовски се израдуваа на учество во најелитното клупско европско натпреварување. Швеѓаните капитулираа во 117-та и 120-та минута.

А сега гледајте го како дроби Бруно од Динамо Загреб

Двајцата македонски репрезентативци од Динамо Загреб ќе играат осминафинале во Лига Европа откако го елиминираа Краснодар. Рики како во Спортинг, така и во Хрватска има колега по име Бруно, ама овој се презива Петковиќ и синоќа беше во страшен ритам. „Тешкото“ им го играше на мал простор.

Мајсторот од Загреб зареди со евроголови со ножички

Пред помалку од еден месец, фудбалерот на Динамо Загреб, Бруно Петковиќ постигна прекрасен гол со ножички. Вечерва пак на ист начин ги наполни насловните страни. Динамо му гостуваше на Интер во Запрешиќ и славеше со 0:2.