Таг: бразилски фудбал

Бразилецот кој се пропи во Русија, се излечи и чека повик за Светско

Пекол, чистилиште и рај се трите света низ кои поминал симпатичниот висок Бразилец Жо, центарфор кој играше за ЦСКА Москва и Манчестер Сити а од пропаста го извлекол Роналдињо.

За најчудниот тренер во историјата на Реал Мадрид

Бразилскиот тренер Вандерлеј Луксембурго беше селектор на „Селесао“ на неколку големи натпреварувања а покрај него стасаа играчи како Роналдо, Роберто Карлос, Едмундо, Ривалдо и други. Играчите редовно се чуделе на неговиот карактер.

Екстаза во Јужна Америка, Гремио шампион во Копа Либертадорес

По цели 22 години бразилскиот клуб Гремио ја освои Копа Либертадорес откако по 1-0 во Порто Алегре, синоќа и во реваншот го совлада Ланус од Аргентина.

Голманот на Шапекоенсе почна со тренинзи по авионската несреќа

Џексон Фолман сега ќе биде голман на параолимписката репрезентација на Бразил. Ногата му ја ампутираа набрзо по авионската катастрофа и во февруари годинава решил да стане параолимпиец.

Најлошиот клуб во Гинисова книга чии навивачи слават серија порази

Бразилскиот клуб Ибис живее во паралелен универзум. На крајот од септември неочекуваната победничка серија ги фрлила навивачите на овој тим во депресија и тие со носталгија се сеќавале како екипата еднаш не можела да победи цели 4 години!

Комичната ситуација со резервата во Бразил

За време на мечот Фламенго - Флуминенсе домашниот тренер Валдемар го спрема резервниот играч Марсио Араухо да влезе на терен а реакцијата на навивачите во позадина е епска!

Логиката на еден глупак

Знае да биде досадно до коска, ама задржување на времето додека резултатот е во твоја корист е така редовна појава. Време задржуваат и голмани и тренери и деца задолжени за топки. Ама ретко кој како Лукао, играчот на бразилскиот клуб Крисиума кој ги изнервира и судии и противници и навивачи.

Вие само играјте, ние ќе го уапсиме

После веста за голманот кој организирал брутално касапење на неговата љубовница пред некоја година, од бразилскиот фудбал веќе ништо не нè изненадува. Па ни ова апсење на Марлон Натанаел да Лима од клубот Сапукаенсе кого полицијата комотно си го приведе на сред натпревар поради кражби.

Како забар му ја спасил кариерата на Бразилецот Фирмино

Како мал никако не сакал да оди во школо поради што долго време не знаел да пишува со пенкало, но знаел да се потпишува со фудбалската топка. Неговиот талент не го забележувал никој, освен еден скромен забар којшто го однел на проба во голем клуб и му ја спасил кариерата.

Како бразилски клуб рекламира акција на маркети

Бразилскиот клуб Флуминенсе де Феира смислил необичен начин да заработи некој леал повеќе во празната клупска каса.

Ако не може голманот, може маскотата

На мечот Сеара - Форталезе, бразилскиот напаѓач со познато презиме Даглас Баџо не успеа да го погоди голот од близу, а топката која отиде над голот успешно ја одбрани маскотата.

Шапекоенсе го одработи првиот тренинг по несреќата, ги чека нова сезона

Со 11 младинци прекомандувани во првиот состав и со дел од оние фудбалери кои ја избегнаа тешката авионска несреќа во Колумбија, Шапекоенсе наскоро ќе ја започне новата сезона во која никој нема големи очекувања и не им поставува притисок.

Фалкао го маскираа во бездомник и дојде на фудбал

На еден хуманитарен меч, најдобриот футсал играч на сите времиња Бразилецот Фалкао стоеше од страна како прав скитник и бездомник и бараше од тренерот да го пушти да поигра. Кога овој се смилува, Фалкао правеше чуда со топката.

Преживеаниот фудбалер на Шапекоенсе ќе ја продолжи кариерата

Еден од шестмината преживеани од авионската несреќа, бекот на Шапекоенсе Алан Рушел (27), по излегување од болницата се појави на прес-конференција и кажа дека ќе ја продолжи кариерата во чест на неговите загинати соиграчи.

Најлошите 50 секунди во историјата на бразилскиот фудбал

Крузеиро и Гремио се едни од најпознатите фудбалски клубови од Бразил и претпоставуваме единствени кои имаат влезено во волку лош фазон да не знаат што со топката. Се бара носителот на тв правата да го објави цел натпревар за да видиме што правеле понатаму.

Пеле го продава својот фудбалски живот

Дури и за најбогатите домаќини прав предизвик било каков подарок да ѝ се даде на светската фудбалска икона кој во животот добил сè и сешто, но сега се решава на аукција да ги материјализира сите предмети.

Гаринча - радоста на сиромашниот Бразил

За него играњето на Светско првенство било како и играње во дворот на фабриката во која работел. Сакал само да игра фудбал, не му значела победата и не трчал по славата. На крајот ги кренал рацете и се предал во борбата со бразилската лута Кашаса.