Таг: бразилска трета лига

Шестар да не ви треба?

Бразилците се надминаа себеси во геометрија и на еден третолигашки натпревар од центарот на игралиштето успеаа да направат јајце. Како инаку ќе си најдат свое место во еден весник како Гардијан. Цареви.

Логиката на еден глупак

Знае да биде досадно до коска, ама задржување на времето додека резултатот е во твоја корист е така редовна појава. Време задржуваат и голмани и тренери и деца задолжени за топки. Ама ретко кој како Лукао, играчот на бразилскиот клуб Крисиума кој ги изнервира и судии и противници и навивачи.

Вие само играјте, ние ќе го уапсиме

После веста за голманот кој организирал брутално касапење на неговата љубовница пред некоја година, од бразилскиот фудбал веќе ништо не нè изненадува. Па ни ова апсење на Марлон Натанаел да Лима од клубот Сапукаенсе кого полицијата комотно си го приведе на сред натпревар поради кражби.