Таг: беноа пер

Мајсторски дроп шот кој не може да помине без аплаузи

Конечно нешто добро и сериозно од несериозниот Беноа Пер, роден за кавги со судиите. На Мастерсот во Синсинати, Французинот го елиминираше Денис Шаповалов, а во еден момент му зема поен со страшен спин и го принуди да му честита за ремек делото.

Тениска магија во режија на Беноа Пер

Пред три недели се глупираше на Вимблдон и намерно губеше поени, а сега на АТП турнирот во Швајцарија се истакна со неверојатна тениска генијалност. Изведе волеј удар кој беше толку посебен што доби чудесна ротација и тапна во двете полиња. Словакот Ковалик беше немоќен.

Циркуз на Вимблдон, Беноа Пер намерно губеше поени

Оние што љубат тенис, уживаат што стартуваше најпрестижниот тениски турнир во светот. Но заврна дожд кој влијаеше во распоредот на натпреварите, но и на расположението на некои играчи. Тоест на еден, познат како доста терсене.

Стопан на денот

Францускиот тенисер Беноа Пер е слаб со нервите и лош со гестовите на терен. На мастерсот во Рим лани се расправаше со судијата, сервираше во празно, си поигруваше со шишето и слично, а овој пат се истакна со сељачки потег.

Нов тениски инцидент, овој пат со удирање шише место топче

Французинот Беноа Пер беше доста нервозен во првото коло на Мастерсот во Рим, бидејќи не добил одложување на мечот откако 10 дена бил во изолација поради корона и не можел да се подготви доволно. Бесот го истури на терен.

Цонга и Беноа Пер заиграа фудбал на сред тениски дуел во Хале

При резултат 1-1 во вториот сет, Французите Беноа Пер и Жо-Вилфред Цонга решија да поиграат малку серва на мрежа.