Таг: авторски права

Семпл е, ама комплициран

Култниот бенд од 90-тите, Де Ла Соул, реши да јa дигитализира целата своја музика и за Валентајн да им ја понуди на своите фанови бесплатно. Зашто поевтино е да не заработиш ништо отколку по судови да плаќаш милиони за секој што ќе си познае семпл во тојата песна.

Пoлноќ на авторските права

Вуди Ален и Сони мораа судски да докажуваат дека не ги повредиле авторските права на Вилијам Фокнер (умрен пред пола век) затоа што употребиле негов цитат во филм. Колку е таа ситуација со авторските права забегана говори и фактот дека ослободителната судска пресуда морала да биде образложена на цели 17 страници.

Авторски права, порно и Ѕвездени патеки

Судија донесува една од најлегендарните пресуди против една адвокатска компанија од Чикаго која тврди дека се бори против пиратеријата, а во основа изнудува милиони долари од луѓе кои гледале порно видеа.

Вилијам Фокнер против Вуди Ален

Вчерашната изјава на министерот Попоски, која во медиумите беше пренесена како „историјата треба да остане во минатото" е фала богу спротивна на логиката и на Фокнер, а и на Вуди Ален. Во спротивно можеби ќе нè тужеа.

„Мил прекршителу“

Книгата на Патрик Венсинк „Расипан клавир за претседател" има необично позната насловна. Толку позната, што компанијата која го произведува познатото виски му испратило предупредувачко писмо на неговиот издавач.