Таг: арена филип втори

По Тбилиси и Трондхејм, Скопје во исчекување на Европскиот Супер куп

Извршниот комитет на УЕФА на 29 јуни ќе соопшти кој ќе биде град домаќин на финалето од Супер купот на УЕФА во 2017 година. Повикувајќи се на свои извори од УЕФА, порталот Екипа тврди дека веќе сме ја добиле кандидатурата.

Арената Филип Втори не се најде меѓу домаќините за Европското

Како што и се очекуваше, Скопје и нашиот најголем стадион и покрај реновирањето, немаа капацитет да се борат во големата конкуренција за домаќини на континенталниот фудбалски собир во 2020 година.

Скопје отпаѓа, Лондон и Минхен се пазарат за ЕУРО 2020

Според пишувањата на Дојче Веле, главниот град на Македонија нема да се најде меѓу домаќините за Европското во фудбал, поради нестабилната политичка ситуација, слабата финансиска моќ и сиромашната кампања.

Потврдена кандидатурата на „Филип Втори“ за бизарното Европско

УЕФА ја потврди кандидатурата на Македонија која со својот најголем стадион се кандидираше за домаќин на еден од натпреварите на револуционерното Европско првенство. Но колку е логично еден ваков фудбалски собир да се одржува исто време во 13 држави?

Арената „Филип Втори“ кандидат за ЕУРО 2020

Фудбалската федерација на Македонија вчера официјално ја поднесе кандидатурата за нашиот најголем стадион кој ќе се бори да биде домаќин на некои од натпреварите на Европското првенство во 2020 година.