Таг: александар коларов

Коларов од паркинг

На овој човек голот во Драчево да му го наместиш, од центар ќе добаци и ќе ја даде во агол. Синиша Михајловиќ и Александар Коларов, тие се. Ем левучари, ем Срби. Немилосрдни од прекин.

Дијалог на денот меѓу Коларов и навивач

Рома сезонава игра топло ладно, а Александар Коларов не трпи критики и покрај тоа што прокоцкаа високо водство од 0:3 на гости против Аталанта која им се врати на 3:3. Имаше неубав дијалог со навивач на кој воопшто не требаше да му враќа. Навивачот: Разбуди се. Коларов: Разбуди ја мајка ти. 

Лудачки слободен удар на Коларов

Како старее сè повеќе му зрее тоа левицата. Александар Коларов има 33 години, а на таа возраст ни Синиша Михајловиќ не ги изведуваше вака слободните удари. Заслужи аплаузи и од навивачите на Каљари за ова ремек дело.

Само вториот во историја кој дал гол и за Лацио и за Рома на дербито

Првиот фудбалер кој постигнал гол во римското дерби и за Лацио и за Рома бил Арне Селмонсон. А втор во саботата стана Александар Коларов кој имаше мајсторија од слободен удар.

Александар Коларов - ноќта во која се тресеше земјата

Последниот спортист кој во прво лице го раскажува своето минато за платформата „The Players' Tribune“ е капитенот на Србија и член на Рома. Коларов раскажува како се рушеле авиони во неговото маало и како се јачал со брат му за да стане тоа што е денес.

Да ја тепаш Барса со напаѓачки фудбал треба да си Ди Франческо

„Умешноста на војување“ од кинескиот воен теоретичар Сун Цу е омилено дело на тренерот на Рома кој синоќа демонстрираше како да го победиш непријателот кога е појак од тебе.

Турбо фолк журка на балканците од Рома

Плејадата на балканци кои се нафатираа со милиони во Серија А, живот живеат во слободно време на свој начин. Един Џеко пред три дена наполни 32 години, а жена му му приреди изненадување со сентисајзер и певаљка во сред Рим. Меѓу гостите е и Коларов, а изборот на песните падна на тоа што им лежи на душа. Е не бе од Тото Кутињо ќе пејат.

Балканските топџии се острат за дербито

Јувентус - Рома, големото дерби за чие ривалство во Италија снимаа и неколку филмови се игра во сабота од 20:45 на стадионот на Јуве. Миралем Пјаниќ и Александар Коларов би можеле да бидат во главната улога на овој меч.

Каде леташ бе Педро?

Искусниот бек на Србија, Александар Коларов игра како препороден откако се врати во Рим. Решава натпревари сам со бомби од слободен удар, асистира, а знае и да ги прави мајмуни шампионите од Англија кои синоќа беа изгубени на Олимпико. 

Каде беше ВАР за пеналот врз Коларов?

Фудбалерите на Рома го победија Кротоне со пенал за кој слободно можеме да кажеме дека не постоеше, бидејќи Александар Коларов сам падна. Зошто не се искористи новата технологија за ваква крајно сомнителна ситуација која го реши мечот? За мода да не е ставена?

Околу левицата на Александар Коларов

Препознатлив елемент во играта на српскиот лев бек се слободните удари. Од неговиот пријател и поранешен селектор научил многу за тоа како да ги матира голманите, а викендов ученикот го победи учителот.

Интелигенција од слободен удар

Познато е дека левицата на Александар Коларов е створена да ги буши мрежите од 30 па и повеќе метри, но овој пат српскиот репрезентативец го гледаме во едно сосема поинакво издание. Прв настап за Рома, прв гол за победа од 0:1 на гости против Аталанта.

Фото на денот

Подобро да загубиш заб, отколку градско дерби. Тоа би било изјавата на Александар Коларов ако го прашаат нешто на таа тема. Јунајтед - Сити 1:2, Гвардиола го освои Олд Трафорд.

Совршените центаршутеви на Александар Коларов

И покрај тоа што Пеп го стави на стоперската позиција, Коларов и натаму го влече топка напред, а омилен сегмент од играта му е центаршутот.

Што работеше Коларов со левата во Лацио

По Михајловиќ, другиот Србин кој со ударите од далечина беше страв и трепет за голманите во Серија А е Александар Коларов. За Лацио играше од 2007-ма до 2010-та и откако ќе го гледате видеово ќе сфатите дека многу лудачки голови дал од разни тешки позиции.

Српските пцовки на спортистите кои се слушнаа низ светот

Типсаревиќ, Коларов, Вучиниќ, Ѓоковиќ, на сите им доаѓа природно да отераат некој у три лепе, особено кога губат, но даваше изјава кошаркарот Дарко Миликиќ се заборави

Најдобрите 11 според Коларов

Манчестер Сити на својот јутјуб канал објавува видеа од своите фудбалери кои го бираат најдобриот тим на сите времиња со играчи кои имале големи успеси. Српскиот репрезентативец во својот препознатлив монотон стил, објаснува кој и зошто се нашол во неговата формација 4-3-3.

Граѓани не ви вреди, Коларов не се смее

Англискиот шампион повторно сними видео пред Божиќ, во кое се обиде да ги анимира играчите со смешни видеа, а кој прв ќе се насмее испаѓа од игра. Тој што најдолго нема да се насмее добива награда.

Коларов боксува, а Џеко е тренер

Левиот бек на Манчестер Сити овој пат не рецитира божиќна песна, туку боксува во ринг со човекот задолжен за опремата во клубот, Лес Чапман. Во улога на тренер на Чапман се појавува Един Џеко.

Коларов повторно го уби празничното расположение

Минатата година Србинот Александар Коларов од Манчестер Сити ни го уништи празничното расположение, а оваа година не само што не откажа од славење, туку и не исплаши за веќе да не ни помислиме на Дедо Мраз, Божиќ и Нова Година.

Коларов како Алачки

Александар Коларов продолжува да не забавува. По неговата новогодишна честитка, сега се истакна и со рецепт за готвење на прокељ. На крај му фалеше уште: „мх, мх, мх..."

Коларов го уби празничното расположение

Празниците се ближат, а со тоа се буди и новогодишното расположение, но доколку сакате да ве држи тоа расположение, во никој случај не ја гледајте видео честитката од Коларов.