Таг: 2022

Вести од маргините на 2022

Во годината што помина луѓето главно се занимаваа со војната во Украина, коронавирусот, климатските промени и досетливите начини на кои ДУИ нè мочаат од ќерамиди. Сепак, во пукнатините на тие големи информативни блокови, се протнаа и многу други фрагменти не кои сега ќе им оддадеме почест.

Оживување органи и фотки од почетокот на времето: научни достигнувања на 2022

Годината која изминува донесе напредок на повеќе полиња, покривајќи ги сите животни периоди, од раѓање до смрт, и секоја компонента, од клетките до ѕвездите. Тие вклучуваат супстанца која ги обновува органите на мртви животни; ембрион создаден без сперма или јајце-клетка; телескоп со кој може да се видат првите моменти на универзумот и вештачка интелигенција која создава висока уметност.

Акциите на Тесла се урнисаа за 70%

На оригиналниот Тесла (за пријателите: Никола), работите му тргнаа на лошо кога му се запали лабораторијата на Петта Авенија. За Тесла на Илон Маск падот почна кога неговиот газда самоиницијативно реши да гори во пеколот наречен Твитер. 

На 1 јануари во јавен домен влегуваат „Вини Пу“, дело на Хемингвеј и голема аудио збирка

Во 2022 ќе згаснат авторските права за реобјавување, копирање и „ремикс“ на голем број дела, оригинално објавени во 1926.