На 35 години Герет Бери го одигра 610-от меч во Премиер лигата и го надмина Френк Лампард по бројот на настапи во англиското првенство. Следен предизвик му е Рајан Гигс со 632 настапи на вечната листа.
Клубот во кој дојде исплашен со насолзени очи, а го напушти како најдобар фудбалер на светот засекогаш ќе биде дел од Кристијано Роналдо. Учел од ветераните Сколс и Бат, а Фердинанд го спасил да не јаде ќотек од Ван Нистелрој зашто не му подавал пред гол.
На 29. септември во продажба излегува книгата „Жозе Мурињо, одблизу и лично“, напишана од спортскиот новинар Роберт Бејли кој открива што сè му раскажал Португалецот за неговата кариера.
За легендарниот Пол Гаскоњ има толку многу анегдоти, што комотно може да се состави книга од неговите циркуси. Еве една од тренинг во Тотенхем кога Гаскоњ играше за нив.
Мориц Фолц е еден од првите таленти забележани од Арсен Венгер. Како Германец во Лондон не им го разбирал брзото зборување, па дури и на прашањата кој број сакаш да го носиш одговарал со јес јес. И покрај тоа стана еден од најомилените странци кои играле таму.