Оние чијшто придонес на социјалните мрежи се мери во валута „збор-алтан“ често знаат да пуштаат во етер цитати од Ајнштајн. Со негови мудри изреки почнуваат мотивациски говори, се печатат маици и се почнуваат книги. А тој кутриот можеби никогаш не го кажал тоа што му го припишуваме. Од каде ни е тогаш таа потреба?
Наоколу има еден куп сајтови со згодни цитати за секоја прилика, што мрзливите често ги користат како аутсорсирана ерудиција. Така се случува и мрчало како Шопенхауер да се најде на сајт за даночни советници.
Постојат куп изреки кои како „бисери на мудроста" масовно се споделуваат на интернет. Како поздрави и честитки се испраќаат и цели песни или кратки раскази. Но дали тој-и-тој навистина го напишал тоа-и-тоа, и зошто е тоа важно?
Одвреме навреме страда од биполарно пореметување, инаку е брилијантен актер, автор, писател, комичар, тв лице и директор на фудбалскиот клуб Норвич Сити. Од Црна Гуја наваму, ретко утнал работа.