Ова сигурно не изгледа вака кај нас. Но во Њујорк и други делови на САД распоредувањето на книги за библиотечните ограноци се врши со машина која бара брзи раце и добри рефлекси.
Во средниот век збирка од стотина книги претставувала голема библиотека. Рачно препишуваните томови со верска и правна содржина биле ретки, незаменливи и скапоцени. И имало само еден начин да се обезбеди дека нема да бидат украдени.
Следнава читачка вест на денот покажува како изгледа разлика помеѓу сељак и селанец - додека првите затвораат библиотеки, вторите протестираат против ваквата одлука.