Документарец

Сем Вакнин: Јас, психопат

Од богаташ до пропаднат богаташ, од корпоративен криминалец до советник во македонски влади. Сeм Вакнин, по сопствено признание е психопат. Без совест, сочувство, емпатија, освен оние што мачките ја имаат за глувците. Егзибионистички тргнува да ги истражува своите демони и да види што мислат експертите за неговата дијагноза. Патем, ќе откриете и зошто сака да живее во Скопје. 

Кој звучи геј?

Кратко документарно филмче на Њујорк тајмс кое се занимава со стереотипот за "педерско гласче и причините зошто некои луѓе звучат геј без разлика дали на нивната сексуална ориентација.

Паднатите во војната

Документарен приказ на човечките жртви од Втората Светска Војна кој шокира без да покаже ниту една капка крв. Војната е преужасна дури и кога се доловува со сувопарен инфографички стил во кој луѓето се безлични човечиња а финалниот жртвен биланс е спастрен во педантни колони.

Кога тетоважата ќе остаре

Што кога телото веќе нема да биде она исто тело, кога платното веќе нема да биде затегнато како некогаш? Ќе се каете за брзоплетите потези од младоста или ќе победат значењето и спомените кои ги носите во таа тетоважа? Многу јаки ликови, многу добро филмче. 13 минути, вредат.

Шарлиевите ангели кај Ферал Трибјун

За оваа средба пишуваше Борис Дежуловиќ во постхумното сеќавање на трагично загинатите браќа од Шарли Ебдо кои во полн состав (Шарбоние, Волински, Тињус...) во 1994-та ја посетуваат редакцијата на Ферал Трибјун. Овојпат имаме видео за обратната страна, за тоа како на Шaрлиевците им изгледала таа посета на воено трауматизираниот Сплит.

Викенд со Вајс

Ги водиме како документарци, ама многу повеќе се репортажи за "вести од светот" што никако да најдат ред и да се појават на вести и дневници. Изборот е од околу дваесетина вакви репортажи.

Час по Крафтверк

Документарец на BBC за луѓето кои се осмелија да го напуштат овој свет и да бидат првиот музички Интерстелар. Во едночасовниот омаж ќе го видите и легендарниот Holger Czukay, живи свирки на Can.... Делиција.

Ќе ја познаете ли Македонија?

Штотоуку извадено од архивите, кратко документарно парче за Македонија од 1972 година, кое се врти околу легендардниот парен теснопругаш и животот на неговиот кондуктер.

Добредојдовте никаде

Документарен трејлер за една ромска фавела во Софија и европејскиот живот на нејзините жители. Наратор е актерот Итан Хок.

Како изгледала Палестина во 1896-та година?

Седум години пред Илинденското востание, браќата Лимиер најмуваат камерман (со платени придонеси) да ги направи првите снимки од Палестина и Ерусалим. Овој најверојатно им јавил, "Овде нема ништо, досадно е". Век и нешто подоцна, ги стига клетвата да живеат во интересни времиња.

Хрушчов во Скопје и ред други балканштини

Како што пишувавме, неодамна славната филмска компанија Пате на интернет закачи импресивна видео архива од 3.500 часа. Овојпат издвојуваме неколку интересни документарни сведоштва од нашиот регион.

КП Дом Интернет

Во 2008-ма Кина решава дека интернет зависноста е медицински проблем. А кај што има болест, има и установи за лечење. Њујорк Тајмс објави документарно парче за еден центар за одвикнување зависници од интернет. Млади веб џанаци зад решетки, кукаат по мајките, ги будат со ламба во очи... Сè како што треба, само за да оздрават.

Ентони Бордеин дозна за Македонија

Тоа е добрата вест. За малцинството идиоти во мнозинскиот народ имаме и лоша вест: за добрата вест треба да му заблагодарат на Албанец.

Елвис како дромец

Една бесценета фотографија од Елвис Присли и неколку моменти што произлегоа од неа.

Другарката Јованка Броз

Едночасовен документарен филм за Јованка Броз, животната сопатничка на Тито во последните 30-тина години од неговиот живот. "Што можам да му замерам како на сопруг? Тоа што работи многу," вели жената која на 28 години реши да се омажи за 60-годишниот супер-херој на некогашната СФРЈ. Почина во Белград на 89 години.

Бучни комшии

Кој ако не Македонец ќе направи документарец на тема бучни соседи. Но, не е тоа што го очекувате. "За време на снимањето на овој филм не е прегорена ниедна бор-машина."

Тито & Киро гоус ту Холивуд

- Друже Киро, да ми правиш друштво во Холивуд, да не бидам сам со Јованка и нејзината пунџа? - Да ти правам, друже Тито, што да не ти правам. Легендарното парче "Филмске новости" (инфо пропаганда емитувана пред кино проекција која ни беше сосема доволна доза вести) на која се редат славни ликови: Едвард Робинсон, Јосип Броз, Рок Хадсон, Глен Форд, Киро Глигоров, Ширли Меклејн...

Реконструкција на Забрањено пушење

Кои се Пишоња и Жуга, с које стране улице станују дјевојчице и ред други нам занимливи загатки од песните на Забрањето пушење ги расветлуваат Сејо Сексон, Зенит, Елвис Куртовиќ.... на автентични сараевски локации, за екипата на ХРТ.

6-те гитари на Марк Нофлер

Се лепел по излози и зјапал во електричните гитари. Ги душкал каталозите на Фендер. Откако го измолил својот татко да му ја купи првата гитара (Хефнер, за 50 фунти), немал храброст дa му каже дека за неа треба и појачало. Документарец, 43 минути.

 

Старост исполнета со пиксели

Приказна за 97 годишниот Хал Ласко, поранешен графички работник и типограф. Пред 15-тина години почнува да го губи видот. Волјата за живот му ја враќа неочекуван ангел - програмот Пеинт на Мајкрософт. Оттогаш, 10 часови на ден, пиксел по пиксел, дедото си ја полни смислата на своите старечки денови.

Југославија во 16 mm

Југославија во 1964-та (а и во следните години), била единствена држава во Источна Европа во која американската авио-компанија Пан Ам воопшто имала линија. Уште тогаш Пан Ам ревносно работи на маркетинг и промовирање на своите дестинации. Ова е краток филм за Југославија од 1964-та. Забележете го првиот кадар и прашањето.