Зошто вештачките острови на Дубаи останаа празни

Меѓу мега-проектите на Дубаи беа групата вештачки острови што требаше да наликуваат на планетата Земја и Палмата Џебел Али (средната од трите). Бидејќи е сериозна држава, Дубаи успеа да ги изгради островите, бидејќи се налудничави проекти, не баш до крај.

Треба да се знае дека се работи за проекти кои доаѓаат од времето кога се мислеше дека парите никогаш нема да запрат и дека човек никако не треба да ги ограничува своите фантазии.

Со таков мајндсет развиен е проектот за брегот на Дубаи, кој предвидува изградба на:

- Една мала палма (Палма Џумерја) кој е единствена завршена и населена, меѓутоа има проблем со застоена и замирисана вода.

- Изградба на поголема палма (Палма Џебел Али) која е до стадиум покренати острови.

- Изградба на Светот, кој исто така е до стадиум завршени песочни острови.

- Изградба на најголемата од трите палми Деира, која почна да се гради ама не стигна многу далеку и е пренаменета за друго.

- Светот требаше да биде надополнет со Универзумот, во кој се градат вештачки острови со изглед на Сонцето, Месечината, планетите на Сончевиот систем, Млечниот пат и далечна галаксија. Овој проект е стигнат само до компјутерски модел.

- До Палмата Џебел Али требаше да се подигне и архипелагот „Дубаи крајбрежје“ во форма на полумесечина. Тука е стигнато до фрлање неколку лопати.

31 јануари 2022 - 17:19