Боксерот што боксуваше 110 рунди

Тајсон со неверување раскажува за извесен Енди Боуен боксер од 19-от век, но муабетот му е за цела генерација боксери без ракавици и без правила кои се кршат од ќотек низ 1800-те.

Енду Боуен боксува на средината на 1800-те и нема ништо посебно импресивна бројка на борби, само 26. Тоа што е импресивно, дури и за Тајсон е што во овие 26 борби Боуен има спакувано - 517 рунди, затоа што тогаш такви биле правилата.

Овие бројки Боуен ги постигнува во бокс без ограничување на рунди и без ракавици, заради што во тоа време некои мечеви ги прекинува судијата, бидејќи по неколку часови лупање боксерите не можат веќе да удираат, а рацете и прстите им се испокршени.

„Тие се бореа во голорак бокс. Момците што носеле ракавици ги сметале за пичкици.

Кучка си ако носиш боксерски ракавици во борба,“ објаснува Тајсон.

Најпознатиот меч на Боуен е против Џек Бурк, и трае цели 7 часа и 110 рунди.

На 27-та борба во кариерата, во 18-та рунда, Боуен е нокаутиран од Кид Лавин и на паѓање ја удира главата во дрвената греда од рингот. Следниот ден во 7 часот наутро Боуен е прогласен за мртов.

1 ноември 2022 - 11:48