Сара Џесика Паркер: Ако не па, да исчезнам дека сум ви стара?

Не така мал дел од расположението околу обновувањето на „Сексот и градот“ се врти околу прашањето „Што па мораат да се враќаат?“ И голем дел од ова се должи на, чудо - дека се остарени во последниве 20 години откако излезе пилот-епизодата.

„Има толку многу мизогини дискусии за нас што никогаш. Не би се. Случиле. За маж,“ вели Паркер за Вог.

„Има толку многу позитивни реакции, ама една безобразна на пример е да се споделуваат слики од Golden Girls,“ додава креаторот на серијата Мајкл Патрик Харис. „И си реков, така значи, или ќе имаш 35, или си стар(а), пензиониран(а) и живееш на Флорида. Овде фали поглавје.“

СЏП реагираше на онлајн дискусиите за фотографиите од нејзе што циркулираат со седа коса и неизбоцкано лице, додека е на ручек со многу поседиот водител на Браво, Енди Коен.

„Седам со Енди Коен и косата му е цела седа и е фантастичен,“ вели таа. „Зошто може за него? Не знам што да ви кажам луѓе. Особено на социјални мрежи. Сите имаат нешто да кажат. Или имаш многу брчки, или немаш доволно брчки. Како да не сакаат луѓето да сме сосема океј со тоа какви сме, како да уживаат да нè боли за тоа какви сме денес, дали ќе бираме да старееме природно и да не изгледаме совршено, или ќе правиме нешто ако тоа ни предизвика да се чувствуваме подобро.

Знам како изгледам. Немам избор. Што да правам? Да престнам да стареам? Да исчезнам?“

Серијата ќе ја има на ХБО Макс следниот месец и Кери, Миранда и Шарлот „ќе патуваат од комплицираната реалност на нивните животи и пријателството во 30-те, до уште покомплицирана реалност на живот и пријателство во 50-те,“ како што се вели во известувањето за печат.

И на Кристен Дејвис не ѝ е пријатно. „Луѓето велат, што запнале да се вратат? и навистина ми пречи тоа,“ изјавува за Вог. „Не се интересни женските животи сега? Никој не прашува зошто го правите овој римејк полн насилство повторно и повторно. Мене ми е тоа индикативно за нашата неспремност да седиме и да гледаме како се развиваат животите на жените со текот на времето.

Во меѓувреме, Синтија Никсон ја пофали новата приказна, задоволна што останува верна на ликовите. „Не е дека се обидуваме да ја подмладиме серијата. Не сме ставиле некоја 20-годишна внука.“

Корекциите се однесуваат повеќе на „грешките“ од претходниот пат, со вклучување на ликови со различни бои и сексуални ориентации, за да се рефлектира разноликоста на Њујорк.

9 ноември 2021 - 10:14