Ако жените пишуваа за мажи како што мажите пишуваат за жени

Го знаете оној момент кога дотрчуваат во лелеави фустани, како облечени само за очите на главниот (машки) лик, кој патем е и алтер-его на авторот, па пропратно и секоја жена што ќе помине „гази како нежна срна, чии гради потскокнуваат со секое движење на колковите“? Е па, тоа, ама обратно.

На комичарката Тифани Стивенсон, како и на многу други жени - ѝ се смачува од ова. На нејзиниот Твитер профил се отвара со твитови што совршено ги претставуваат жалните обиди на некои писатели да опишат женски лик и дури откако ќе ги смениш улогите ти станува јасно колку е тоа најглупо на свет.

„Влета во собата, а тестисите му потскокнуваа весело. Видов лузна и се запрашав дали можеби имал васектомија. Ги отвори неговите полни усни, полни ветувања, но излегоа иритантни зборови… Нешто околу фудбалски натпревар.“

„Пенисот му изгледаше тажно, како да знаеше дека најдобрите денови му се зад него. Триесет години имаа поминато од неговиот сексуален врв. Останат форпек, како сеќавање од сикспек. Замислив осамени денови со правење стомачни во станов. Ова беше за еднаш, не беше материјал за дечко. Ќе го плеснам ова и ќе бегам.“

„Покрај прозорецот ми поминуваше секој ден во шорцеви за трчање, покажувајќи ги своите тонирани листови. САКАШЕ да го видам. Застануваше да си ги врзе врвките, а врвовите од прстите лесно танцуваа преку Ер Макс патиките. Ми фрлаше поглед меѓу разиграните трепки, ветувајќи сѐ. Ќе му ја подарам ли вагината, се запрашав?“

Не се чудете, озбилно се вакви.

„На новиот практикант двете најгорни копчиња му беа откопчани. Свесен ли беше колку многу влакна од градите ми се обраќаат флертувачки? Сепак, позабавно е ако не знае, си помислив, дозволувајќи си ја таа фантазија. Сепак, јас ја водев таа фирма. Тој беше само празна страница на која можев да ги запишувам моите страсти.“

 

„Видов една жена како стои до него, а со прстите му ја поправа крагњата. Веднаш се исполнив со гнев. Знаев во тој момент дека ќе треба да се борам со неа. Самата помисла дека таа ќе ги види неговите колачиња скриени во панталоните ме полуде. Тие се само мои. Таа мора да биде уништена.“

„Седеше спроти него во возот секој ден. Ова беше покана. Кога тој ќе ја крене паднатата книга, таа ќе почне разговор. Беше срамежлив, се гледаше од начинот на кој ги прекрстуваше нозете за да ги сокрие неговите џепни компирчиња. Лижна прст за да сврти страница. Валкана, мала, срамежлива ороспија.“

Глупо е многу, нели?

Е, магично, со децении, кога вака се опишуваат жени - не им е толку глупо, замислете.

11 септември 2020 - 14:53