Пробиен кодот на Нострадамус! Ги видеа предвидувањата за 2016-та за секоја држава

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Локално.

Нaредените зборови и стихови  на големиот Нострадамус, често биле отворена книга  за човештвото,  страници на иднината, кои се обистиниле со извонредна точност. Што пишува овој пророк за настаните во 2016 година веќе е протолкувано, веќе е пробиен неговиот код.

Глобални природни катастрофи и крвави војни на Блискиот Исток,  се споменати од Нострадамус, и тие ќе одземат многу животи. Конфронтација во реонот меѓу две земји, како и ситуација во која луѓето со чалми буквално ќе се убиваат едни на други, вклучувањето во овој конфликт на многу други држави, може, според пророкот, да доведе и до Трета светска војна. Покрај тоа, пишува тој, на крајот на годината треба да се случи настан кој ќе го потресе целиот исламски свет, а потоа да започне триесетгодишната војна меѓу христијаните и исламистите Како резултат на тоа на Земјата ќе остане само една религија. Но која, Нострадамус не прецизира …

Во записите на средновековниот пророк истражувачите гледаат исто така глобални природни катастрофи, кои го очекуваат човештвото во 2016 година. Најмногу погодена ќе биде Европа која ја очекува голема поплава уште во пролет следната година. Поројни дождови неколку месеци ќе врнат во Велика Британија, Италија, Унгарија и Чешка. А во Америка ќе беснеат катастрофални торнада со невидена сила. Силно ќе настрадаат од природата Русија и Австралија, кои ги очекуваат најсилните за целата приказна шумски пожари, и тие нема да можат да ги изгаснат дури до есен.

24 ноември 2015 - 08:22