Крај на светот на 1.мај: Јупитер турка голем астероид кон Земјата

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Портал.

Група на поранешни астронаути на НАСА здружени под името „Фондација Б612“ имаат за цел да соберат 250 милиони долари за да изградат вселенски телескоп, кој би го штител животот на Земјата.

„За првомајските празници Земјата ќе ја уништи астероид“ – ова се зборовите на Пат Робертсон (84), кој заработи многу пари продавајќи ја својата книга за крајот на светот.

Група на поранешни астронаути на НАСА здружени под името „Фондација Б612“ имаат за цел да соберат 250 милиони долари за да изградат вселенски телескоп, кој би го штител животот на Земјата.

Телескопот, под името Сентинел, неколку години однапред би регистрирал сè што би можело да удри во Земјата и да го уништи животот на неа.

Ентузијазмот на астронаутите го уништи телевизискиот водител Пат Робертсон (84) велејќи им дека телескопот нема да им биде потребен.

Робертсон тврди дека следната недела астероид ќе ја уништи Земјата. Тој со големо задоволство констатираше дека бил во право што се однесува на крајот на светот.

„Тоа го рекол Исус, го најавил крајот на светот. Или поконкретно, ќе се случи поместување на големиот Јупитер кој со својата гравитациска сила ќе го истурка астероидот директно кон Земјата“ – изјави Робертсон.

Погледнете ја видео снимката на која Пат Робертсон им се обраќа на луѓето и тврди дека празникот нема да го дочекаме:

27 април 2014 - 06:57