Деонтај Вајлдер во прва рунда остана шампион во супертешка категорија

До пред викендов Вајлдер имаше 38 победи, од кои 37 со нокаут, и 0 порази. Единствената борба што ја истера 12 рунди беше против Бермејн Стиверин во јануари 2015. Во саботата беше реваншот, Вајлдер против Стиверин.

Мечот траеше 2 минути и 59 секунди, и заврши со веројатно највпечатливата боксерска фотографија од годинава:

Целата репортажа околу борбата може да се сведе на извештајот од Компубокс за удари што ја погодиле целта. Стиверин има 4 удари, од кои нула ја погодиле целта.

Во рок од овие за ситно неполни 3 минути, Стиверин два пати се најде на патос, пред Вајлдер да му пресуди за последен пат. Со ова Вајлдер ја одбрани титулата ВБЦ титулата во супертешка категорија.

Коментарот на Гардијан по последниот удар на Вајлдер гласи: „Стиверин очигледно се оддели од својот разум и судијата паметно одлучи да го прекине мечот.“

По завршувањето на прес-конференцијата не обрнувајќи претерано внимание на завршениот меч, Деонтај повеќе пати повтори дека не може да дочека Ентони Џошуа да се одважи и да прифати борба за обединување на титулата.

Инаку, Џошуа на 28. октомври по борбата со Французинот Карлос Такам ги задржа своите титули во супертешка категорија во ВБА, ИБФ и ИБО конкуренција. Првично Џошуа требаше да боксува против Бугаринот Кубрат Пулев, кој на 12 дена пред борбата се откажа под оправдание дека за време на спаринг тренинзите добил повреда на рамото.

Борбата од саботата:

6 ноември 2017 - 18:15