Гласот на Фројд

Сигмунд Фројд (роден на 6. мај 1856) во текот на кариерата не бил секогаш на добар глас. Но неговиот сепак преживеал - на единствената снимка направена од новинари на Би-би-си, непосредно пред неговата смрт.

На 7. декември 1938. радио екипа на Би-би-си го посетила Фројд во Хемпстед, северен Лондон. Фројд само што се преселил во Англија откако неколку месеци претходно избегал од нацистите во Австрија. Имал 81. година и страдал од рак на вилицата. Секој збор го изговарал во агонија. Помалку од една година подоцна, кога болката станала неиздржлива, Фројд побарал од неговиот доктор да му даде убиствена доза морфиум.

Снимкава е единствениот познат аудио документ на кој може да се чуе гласот на Фројд, основачот на психоанализата и една од најголемите интелектуални фигури на 20. век. На неа тој вели:

„Ја започнав мојата професионална активност како нeвролог, обидувајќи се да им олеснам на моите невротични пациенти. Под влијание на еден постар пријател, и со сопствени напори, открив некои значајни нови факти во врска со несвесното во психичкиот живот, улогата на инстинктивните пориви, и така натаму. Од овие наоди се роди нова наука, психоанализа, дел од психологијата, нов метод на третман на неврози. Морав да платам голема цена за ова парче среќа. Луѓето не веруваа во моите факти и сметаат дека теориите ми се неиздржани. Отпорот беше силен и постојан. На крај успеав во тоа да се здобијам со ученици и да го основам Меѓународното психоаналитичко здружение. Но борбата се уште не е завршена.“

8 мај 2012 - 12:38