Бавчи

Бавчи: Адо - Т'га од југ

"Владимир! Владимир! Станувај Владимир или ќе ти наплатам како да си преспал уште една ноќ," ме буди прекрасната руса Унгарка и ме турка по рамото. "Проклетство," одговарам и се обидувам да ја одредам својата физичка позиција. "Проклетство, проклетство..." подбивно се смешка убавицата и објаснува оти доаѓаат нови гости во хостелот каде со одјавување доцнам преку еден час.

Еве ме. Во 5 месеци се сретнуваме по трет пат затоа што постојано се думам и пишманам за што да ви пишам. Со оваа мисла заспав, се разбудив и решив дека ќе продолжам да ви раскажувам за моите денови на местата вредни за забележување и за луѓето кои ги сакам и заслужуваат да бидат споменати. За оние што не ги сакам нема ни да пишувам. Чуму да емитувам негатива или да метастазирам во уште едно претенциозно копиле што ќе труби дека ништо не чини? За сега, дур ја забришувам прашината на мојана "ново" црвена лента, во пар страници ќе се обидам да срочам пет месеци во Македонија по десет месеци во Америка.

Недела попладне под за'ржаното ноемвриско небо над малото грaтче Хендерсонвил во Тенеси. Земја голема, гробишта мали. Интимни и средени како рајска бавча. Скромни надгробни споменици, одржувана трева, тишина и неодоливо присуство на тој готски авторитет адаптиран на јужњачките светови. Вртиме со погледите и на празните гробишта го бараме споменикот на Џони и неговата Џун.

Покрај остварувањата од продукцијата Прајват голд, крајно несреќните судбини на докторот Семелвајс и композиторот Реже Шереш, Будимпешта секогаш ме асоцирала на фестивалот Сигет. По неопходниот одмор после "мачните" 8 дена, ќе се обидам да го пренесам личното искуство од фестивалот, вреден... хмм, многу пари.

Итаме кон Гринзборо, Северна Каролина, градот Винстон Салем. Сега цигара звучи уште послатко ама не даваат пустите да чуриш на возов. Ајде тој Шарлот нека се појави на видик па да изедам две Камел без филтер.

Има денови кога во крајно сомнително маало на непрежалената и купуваш подарок од фетиш продавница, за подоцна да уживаш во изложба на Моне а ноќта да ја завршиш во стриптиз бар. Вива Лас Вегас.

Факултет завршив во албанска средина и таму ја прележав регионалната сипаница на несакање некого по национална основа. На Штулов научив дека на речиси сите студенти подеднакво ни се правеа истите будалаштини. Сфатив дека сум полн со предрасуди единствено за шупци и идиоти, независно дал биле од наша ил од нивна. И обратно пропорционално, длабок наклон и почит се уште имам за еден куп луѓе кои ги запознав за време на студиите. И од наша и од нивна. Сега добив прилика од прва рака да сведочам што народ живее на американскиот југ и да тестирам до каде сум еволуирал на скалата на интерпретација на други живи суштества од нашава сорта.

Стариот мој е поболен по белградски Партизан, јас пак прво лице множина користам единствено за МЗТ Скопје а душичката и на 7.000 милји од дома ми трепери кога победуваме, па знам што значи да сакаш тим. Јужњаците се будат и заспиваат со американски колеџ фудбал и секој меч е церемонија и додека утакмицата трае, на улиците е штама.

Битката со војната и насилството ја загубив одамна и планирам да го прославам поразот, зошто ако продолжам да му се лутам на светов или ќе заработам дијагноза или ќе повратам лава.

Во епизода на спектакуларно забавното Шоу на Лери Сандерс, Џон Стјуарт, како гостин водител ги кани Ву Танг Клан. Но продуцентите интервенираат, објаснувајќи дека Кланот бил премногу "урбан," го откажуваат настапот а Стјуарт добива заушка.

Хеј јаал. Моето име е Владимир но заради онаа говорна деформација на детуле кое се претставува како "уадо," за мнозинството познати и непознати целиот живот сум Адо.