И тогаш ме сретна мене.
"Што... што се случи?" ме прашуваш. "Каде сум?"
"Умре," ти реков директно, бидејќи нема поента да бираме зборови.
"Имаше... имаше камион и се излизга..."
"Аха," ти одговорив.
"Јас... јас сум мртов?"
"Аха, ама немој да ти биде криво. Сите умираат," реков јас.
Почна да гледаш наоколу. Само празнотија. Бевме само јас и ти. "Кое е ова места. Ова е задгробен живот?" ме праша.
"Горе, долу," ти одговорив.
"Ти си Господ?" ме праша.
"Аха, тој сум. Јас сум Господ," ти одговорив.
"Децата... жената," почна да збориш.
"Што е со нив?"
"Ќе бидат ли во ред,"
"Тоа сакав да го видам. Само што умре и твојата главна грижа ти е семејството. Тоа е добра карактеристика," ти реков.
Ме гледаше со фасцинација. За тебе, јас не изгледав како Господ. Изгледав како некој човек. Или можеби жена. Некоја неважна фигура. Повеќе на учител од основно, отколку на Семоќниот.
"Без гајле. Ќе бидат во ред. Твоите деца ќе те паметат како перфектен во секоја смисла, бидејќи немаа време да почнат да те презираат. Жена ти ќе плаче од внатре, но потајно ќе и биде олеснето. Да бидеме искрени, твојот брак се распаѓаше. Ако е некаква утеха, таа ќе чувствува огромна вина, заради тоа што се чувствува олеснето," ти одговорив.
"Аха," рече и ме загледа. "Што ќе се случува сега? Одам во рајот или пеколот или некаде?"
"Не баш," реков. "Ќе бидеш реинкарниран."
"Значи Хиндусите беа во право," ми рече.
"Сите религии се во право на свој начин," ти одговорив. "Ајде да прошетаме малку."
Ме следеше додека шетавме по празнината и тогаш ме праша "Каде одиме?"
"Никаде посебно," ти реков. "Едноставно, убаво е да шетаме додека зборуваме."
"Што е тогаш поентата?" ме праша. "Кога повторно ќе се родам ќе бидам само празен лист, така? Бебе. А сите мои искуства и се што направив во овој живот нема да бидат важни."
"Не баш," ти одговорив. "Во себе го имаш знаењето и искуствата од сите твои претходни животи. Само сега не се сеќаваш на нив."
Застанав и те фатив за рамења. "Твојата душа е повеличествена, поубава и по џиновска отколку што ти можеш да замислиш. Човековиот мозок може да опфати само мало делче од тоа што си ти. Тоа е како кога го ставаш прстот во чаша со вода за да видиш дали е топла или ладна. Ти ставаш само еден мал дел од себе во садот, и кога ќе излезеш од него, си ги собрал сите искуства што тој ги имал."
"Ти беше човек во последните 48 години, што значи дека не си го искусил остатокот од твојата неизмерна свест. Ако доволно долго седиме тука, ќе почнеш да се сеќаваш на се. Ама нема поента тоа да го правиме помеѓу секој живот."
"Па колку пати бев реинкарниран?"
"Ах, многу. Многу. И тоа во многу различни животи," ти реков. "Овој пат ќе бидеш девојка во село во Кина од 540-та година."
"Чекај, како?" збунето ме праша. "Значи ти ме враќаш во времето?"
"Технички кога ќе земеш, да. Времето, како што ти го знаеш, постои само во твојот универзум. Работите се поинакви онаму од каде што јас доаѓам."
"А од каде доаѓаш?" ме праша.
"А, да," почнав да ти објаснувам "Доаѓам од некаде. Од некое друго место. И таму има други како мене. Знам дека сакаш да знаеш како е таму, ама искрено нема да разбереш."
"Аха," малку разочарано ми одговори. "Ама чекај. Ако се реинкарнирам на друго место во времето, значи веројатно некогаш сум комуницирал сам со себе?"
"Секако. Тоа се случува постојано. Бидејќи и двата живот се свесни само за нивниот животен век, тие не ни знаат дека тоа се случува?"
"Епа што е поентата?"
"Сериозно?" те прашав. "Сериозно ме прашуваш што е смислата на животот? Нели тоа е малку стереотип?"
"Добро, ама тоа е разумно прашање," продолжи со упорноста.
Те погледнав во очи. "Смислата на животот, причината зошто го направив целиот универзум е ти да созрееш."
"Сакаше да кажеш човештвото? Сакаш ние да созрееме?"
"Не, само ти. Го направив целиот Универзум за тебе. Со секој нов живот ти растеш и созреваш и стануваш поголем и подобар интелект."
"Само јас? А што е сите останати?"
"Нема останати," ти реков. "Во овој универзум не има само мене и тебе."
Бледо ме погледна "Ама сите луѓе на Земјата..."
"Сите тие си ти. Различни твои реинкарнации."
"Чекај. Јас сум сите?"
"Сега почна да разбираш," ти реков, потчукнувајќи те по грбот.
"Јас сум секој човек што некогаш живеел?"
"Да и секој што некогаш ќе живее."
"Јас сум Абрахам Линколн?"
"Да, ти си и Џон Вилкс Бут," те дополнив.
"Јас сум Хитлер," вџашено ме праша.
"Да и милионите што тој ги уби."
"Јас сум Исус?"
"Да и секој што него го следи."
Замолкна.
"Секој пат кога ќе злоупотребуваш некого, се злоупотребуваш себе си. Секој акт на добрина што си го направил, си го направил на себе. Секој среќен или тажен момент што бил почувствуван од некој човек, бил почувствуван од тебе."
Долго време мислеше.
"Зошто?" ме праша. "Зошто сето ова?"
"Бидејќи еден ден, ти ќе станеш како мене. Бидејќи и ти си тоа. Ти си припадник на мојот вид. Ти си мое дете."
"Молам?" ме праша со недоверба. "Сакаш да кажеш дека јас сум Господ?"
"Не. Се уште не. Сега си фетус. Се уште растеш. Кога ќе ги изживееш сите човечки животи низ времето, ќе бидеш доволно израснат за да бидеш роден."
"Значи целиот Универзум," почна да зборуваш, "се е само..."
"Јајце," ти одговорив. "Сега е време да продолжиш со својот следен живот."
И те испратив по твојот пат.
The Egg
Andy Weir