Таг: златно руно

„Златна гуска“ - награда за научни истражувања кои на почетокот звучеле блесаво

Пред десетина години да инјектираш вируси во деветмесечна сирота лама за да испитуваш вируси на грип звучело навистина откачено, и како залудно трошење на парите на даночните обврзници. По појавата на Ковид-19 нештата се промениле. И во многу други примери, научни истражувања кои биле исмевани по повеќе години се покажале како крајно корисни. За нив има воспоставено и посебно признание.